СОЛУН – ПАРАЛИJА -МЕТЕОРИ
3 дена / 2 ноќи / автобус
1 ден 01.05.2026 ( петок ) Скопје/Куманово/ Штип/ Струмица – Солун- Паралиjа
Поаѓање кон Солун во 03.00 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во 03.30 часот од Куманово, пред бензинска пумпа Макпетрол, во 04.30 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 05.15 часот од Струмица, бензинската Макпетрол кај кружен тек. Патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Солун. Можност за индивидуален разглед на градот: црквата Св. Димитрија, плоштадот Аристоелис, Белата кула, Виа Игнација, споменикот Дикастрио или кафе и прошетка покрај море. . Поаѓање за Паралиjа во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2 ден 02.05.2026( сабота ) Паралиjа
Појадок. Ден за одмор и индивидуални прошетки. Уживање покрај море, или шопинг во многубројните продавници во Паралиа. Исто така во Паралиjа за првомајските празници се одржува и FLEX MUSIC FESTIVAL за сите кои сакаат забава можност да посетат. Настапуваат големите балкански ѕвезди како REJLA POPOVIC, SENIDAH и многу други. Ноќевање.
2 ден 03.05.2026( недела ) Паралиjа – Метеори – Струмица/Штип/ Куманово/ Скопје
Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот. Факултативна посета на Метеори. Попатна посета на работилницата за икони која се наоѓа во градот Каламбака. По разгледот на Работилницата за икони, се упатуваме кон посета на манастирот Голем Метеор (Мегало Метеоро). Слободно време за индивидуална прошетка и разглед. Можност за пауза за ручек. Поаѓање за Македонија, пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
Цена: 119€ / 7.380,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз со високо туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Паралиjа
- Посета на Солун
- организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- туристичка такса – 3 евра по лице од ноќ
- патничко осигурување-200 денари ( задолжително)
- Факултативна посета на Метеори- 25 евра (минимум 30 патници)
- Влезници за културно-историски споменици
Општи напомени:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 10 евра при уплата на аранжманот.
- ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

