МАЛТА – БИСЕРОТ НА МЕДИТЕРАНОТ
Термин: 01.05.2026 – 04.05.2026
Малта, островска држава во средината на Средоземно море, која ја чинат трите најголеми и населени острови– Малта, Гозо и Комино како и помалите Филфа, Коминото и други ненаселени одтрови. Оваа средоземноморска убавица е музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е 7000 годишната историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Низ прошетката ќе влеземе во мистериозната предисторија на островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезите на Св. Јован го бранеле христијанството… Впечатливите бои на медено обоениот камен во мешавина со медитеранско синило, пејсажите, архитектурата и богатиот ноќен живот, ја прави Малта монденско место.
РЕДОВНА ЦЕНА: 469 € / 29.080 мкд
339 ЕВРА / 21.020 МКД ЦЕНА ДО 12.04 (ОГРАНИЧЕНИ МЕСТА)
130 ЕВРА ПОПУСТ!
ПРВ ДЕН – 01.05.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 18:50 часот. Полетување во 20:50 часот. Слетување на аеродром во Малта во 22:35 часот. Трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Слободно време за одмор. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 02.05.2026 (САБОТА) ИЗЛЕТ ПО МАЛТА – МDINA – BlUE GROTTO – TA’QАLI – ВАЛЕТА
Појадок. Потоа се упатуваме на целодневен факултативен излет исполнет со историја, култура и природна убавина. Посета на Мдина, стариот средновековен главен град на Малта, наречен – Град на тишината. Прошетка низ тесните поплочени калдрмени улички и грандиозна архитектура, разглед на познатите градини Св. Антони, Претседателската Палата.. Посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде ќе имате можност да се види специфичната техника на изработка на дувано стакло, каде вештите занаетчии создаваат сложени стаклени предмети и одлична прилика да купите уникатни сувенири. Посета на прекрасната Сина Пештера (Blue Grottо)која е најпознатиот пештерски комплекс на Малта, што преставува всушност комплекс од девет пештери чии карпести страни светат зелено, виолетово или портокалово, во зависност од нивната содржина на минерали. Околу пештерите се наоѓаат едни од најчистите и најсветли кобалтно-сини води што може да се замислат. Доколку дозволуваат временските услови има можност за пловење со бродче низ Blue Grottо (доплата на лице место околку 10 еур). Потоа одиме на разглед на Валета, главниот град на Република Малта и локалитетот на светското наследство на УНЕСКО. Историскиот град со ѕидови датира од 1565 година и има атмосфера на Медитеран со северно африкански шарм. Оваа дестинација конечно влезе во глобалниот центар на вниманието како Европска престолнина на културата во 2018 година. Опкружен со бројни масивни ѕидини и тврдини, изграден од Витезите на Св.Јован кои биле болничари во 16-от век. Малтежаните се многу горди на својот главен град чие светско и богато културно наследство се открива веднаш при самото движење на улиците низ градот. Разгледот започнува од портата на Валета преку главната улица до централниот плоштад на Републиката со застанување на важни културно-историски објекти, продолжуваме по сликовитите улички до Градините “Barracca” од каде што има прекрасен панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музеј на Св.Јован, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети, која воедно е и мевзолеј каде што се погребани големите мајстори од малтешкиот витешки ред (влез во Катедралата се доплаќа на лице место 15еур). Враќање во хотел. Вечерта заедничка прошетка во Ст. Џулиан, место познато по својот бурен ноќен живот, монденско место со многу барови и ресторани. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 03.05.2026 (НЕДЕЛА)- ГОЗО
Појадок. Со површина од нешто повеќе од 65 квадратни километри, вториот најголем остров на Малтешкиот архипелаг е Гозо, на само околу 25 минути возење со ферибот од главниот остров, Малта. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј заробен на нејзиниот остров 7 години. Овој ден одиме овде на целодневна факултативна посета каде што ќе не пречека волшебното Внатрешно Море или таканаречено природно чудо со уникатна геолошка формација и прекрасни глетки од заливот Dwejra Bay. Доколку дозволуваат временските услови има можност за пловење со бродче низ (доплата на лице место околку 5 еур). Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади. Посета на Старата Цитадела богата со калдрмени улици, историски знаменитости и панорамски поглед на островот. Посета на шармантното село Фонтана со историско значење како центар за перење и традиционални малтешки производи. Слободно време за ручек во заливот Xlaendi во некој од локалните ресторани со традиционална вкусна малтешка храна. Враќање во хотел. Вечерта заедничка прошетка во во Слиeма, позната како центар за шопинг, преубави ресторани, кафулињата, интересни улички и архитектура создадени за убави фотографии и можност за уживање во пијачка и морско на пристаниште. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 04.05.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ПОПАЈ СЕЛО (POPEYEVILLAGE) – МАРСАШЛОК – СЛИЕМА
Појадок и одјавување од хотелот, куферите ги оставаме во хотел.Се упатуваме на факултативна посета на селото на Попај (Popeye Village) или уште познато како (Sweethaven Village) кое е наменски изградено село со филмски сет што е претворено во мал забавен парк за атракции, наменски изграден за филмот Попај кој е снимен во 1980г. Потоа следува посета на рибарското градче Марсашлок кое е типично рибарско место со автентичен малтешки поморски живот. Пристаништето е идеално за фотографии поради што многу туристи го посетуваат за да ги сликаат типичните ,,luzzu,, рибарски чамци. На крај имаме слободно време во главниот град на Малта, Валета.
Слободно време до 20 часот. Во 20.30 часот состанок на групата. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 23:10 часот. Слетување во 00:50 часот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје
– Аеродромски такси
– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
– Сместување во Малта на база 3 ноќевања со појадок во Privilege Suit Sliema или сличен
– Заедничка вечерна прошетка низ Слиeма
– Заедничка вечерна прошетка низ Ст.Џулиан
– Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
– Организација на аранжманот и придружник на патување
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
– Посета на Попај село и рибарското градче Марсашлок 45 евра (трансфер и влезница)
– Излет по Малта (Ta Qali, Mdina, Blue Grotto и Валета) 65 евра (трансфер, локален водич)
– Посета на Гозо 75 евра (трансфер, брод, локален водич)
– ПАКЕТ СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ 170 евр
– Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)
– Влезници во локалитетите освен за Попај, карти за локален превоз
– Патничко – здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба

