АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА 

СОЛУН, ДИОН, ЛИТОХОРО, ОЛИМП, ПАНТЕЛЕИМОНАС, ВЕРГИНА, ВОДЕН, ПЕЛА

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 3 дена / 2 ноќевања со појадок

1 мај (петок)     СКОПЈЕ – СОЛУН – ПАРАЛИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти СЦ “Борис Трајковски” во 06:30 часот наутро. Поаѓање за Грција во 07:00ч. кон граничниот премин Богородица – Евзони. Попатна посета на Солун. Разглед на градот; Виа Игнатиа, црквата Св. Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7-ми век, Римскиот форумцрквите РотондаСв.Софија, плоштадот АристотелисБелата кула… можност за посета на Археолошкиот музеј во кој се изложени значајни ископини пронајдени на македонските – антички локалитети. Попладне, патувањето продолжува кон Паралија. Сметување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

2 мај (сабота)     ДИОН  ОЛИМП – ЛИТОХОРО
Појадок. Заминување на прошетка низ регионот Пиерија. Посета на археолошки локалитет Дион со бројните ископини и остатоци од трите цивилизаци, посета на планинското градче Литохоро сместено во подножјето на планината Олимп кое нуди прекрасна можност за запознавање со старата архитектура во регионот Македонија, како и на етно селото “Palaios Panteleimonas” со можност за ручек во некоја од бројните таверни, или купување на етно-сувенири од домашно производство на локалните жители. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

3 мај (недела)     ВЕРГИНА  ПЕЛА – ВОДЕН – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување на целодневен излет низ регионот на Македонија со посета на археолошкиот локалитет Вергина (Кутлеш) – древната престолнина на македонскиот крал Филип Втори, локалитетот Пела (Постол) – престолнината на Античка Македонија од времето на Александар Македонски, градот Едеса (Воден) со неговите познати водопади како и Флорина (Лерин) со можност за куса пауза и попладневен ручек. Патувањето продолжува кон Скопје со пристугнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 99€ (6.138,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација

– Сместување во хотел *** во Паралија, на база на 2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи и посети според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезници при посета на музеите и археолошките локалитети

– Патничко здраствено осигуривање 
– Туристичка такса од 5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотелот

НАПОМЕНИ:
– Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за сместување во двокреветна соба

– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
– Цените се дадени во EUR, за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
– Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди