Атина, Пелопонез и Метеори за 1-ви Мај

Атина, Пелопонез и Метеори за 1-ви Мај

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 2 ноќевањa

30 април (четврток)     СКОПЈЕ  АТИНА
Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

01 мај (петок)     АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и СинтагмаПарламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадионЗевсовиот храмАтинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музејПлака… Сместување во хотел. Слободно попладне. Можност за факултативна вечера во таверна на Плака со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.s

02 мај (сабота)     АТИНА  ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина. Ноќевање.

03 мај (недела)     АТИНА  МЕТЕОРИ  СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотели и заминување од Атина кон Тесалија и градчето Каламбака. Во неговата непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Како изникнати во непрегледната рамнина се издигаат мноштвото високи камени карпи, врз чии врвови уште од средниот век христијанските монаси ги изградиле едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отоворените манастири; нивните цркви, музеи и сувенирниции со несекојдневна можност за уживање ѝ во прекрасните панорами. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот: 166€ (10.292 мкд) со вклучени 2 разгледа (Атина и Метеори)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација

– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот со локален водич
– Организиран разглед на Атина и Метеори
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезница за Акропол – околу 30€ (цената е променлива)
– Влезници за Микена – околу 20€ (цената е променлива)
– Влезници за Епидаурус – околу 20€ (цената е променлива)
– Туристичка такса 1.5-5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел (цената е во зависност од периодот на престој)
– Факултативна вечера во национален ресторан
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €
– Патничко здраствено осигуривање

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди