СУТОМОРЕ 2024

СУТОМОРЕ ЛЕТО 2024

 

ВИЛА БОГОЕВИЌ располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. Собите на првиот и вториот кат се со заедничко купатило, односно на две соби има еден тоалет. Овие соби немаат клима и фрижидер ( колона 1 од табелата ). На третиот кат дел од собите имаат сопствено купатило, клима и фрижидер ( колона 2 од табелата). Kористење на клима уредот е вклучен во цената.

ВИЛА  СКАУТ располага со двокреветни, трокреветни соби и четворокреветни апартмани. Секоја соба има клима, тоалет, фрижидер,тв,тераса. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

ВИЛА  СКАУТ 1 располага со стандардно опремени соби со тоалет, клима,тв, фрижидер и со тераса. Во својот сместувачки капацитет има трокреветни и четворокреветни соби. Kористење на клима уредот е вклучен во цената.

ВИЛА   ЕКСКЛУЗИВ  располага со двокреветни и со трокреветни соби опремени со клима ,ТВ, тоалет, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор. Kористење на клима уредот е вклучен во цената.

ВИЛА БЕБА располага со двокреветни, трокревтни и четворокреветни соби. Секоја соба е со ТВ, тоалет, мини кујна, клима и тераса. Kористењето на клима уредот е вклучен во цената.

 

 

* Цените се изразени во евра и се однесуваат  на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ

9 или 7 ноќевања со појадок и вечера со вклучен превоз

 

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД) 

– Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот

– Второ дете до 12 год. ГРАТИС (доплата за превоз 45 евра) за сместување во 1/3 соба

– Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот за сместување во 1/4 соба

-Попуст за трето возрасно лице или дете над 12год – 20% попуст

– Дете до  5 год. кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 25 евра ).

– Намалување за патување со сопствен превоз – 10 евра.

– Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место.

– Попустот за деца важи за сместување со две возрасни лица.

 

Поаѓање за Црна Гора:

Скопје “Борис Трајковски” – 05.00 часот

  • Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец

НАПОМЕНА

  • За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%.
  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  • ТА Феријал Кашиков не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  • Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  • Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди