НОВА ГОДИНА ВО АНТАЛИЈА
SIAM ELEGANCE HOTELS 5* BELEK
28.12.2024 – 01.01.2025
5 ДЕНА / 4 НОЌИ/ АВИОН
Град со преку 300 сончеви денови во годината, богата историја, модерни зданија и преубави плажи, Место каде земјата го допира рајот. Анталија е сместена во истоимениот залив, се состои од два дела: едниот современ со широки булевари, трговски центри, богат ноќен живот, и стариот дел Kaleici – обновен и претворен во туристички центар на градот. Стариот град е подигнат покрај старото пристаниште, со тесни поплочени улици, стари турски куќи, џамии и хамами кои сведочат за старата архитектура и некогашниот начин на живот. Анталија претставува еден од 5-те најпосетени градови на светот со над 10 милиони туристи годишно.
РЕДОВНА ЦЕНА : 519€
ПРОМО ЦЕНА : 469€
За резервации до 15.11.24
SIAM ELEGANCE HOTELS 5* BELEK – Standard room | 469 еур
All Inc Plus |
Прво дете 2-12.99 год бесплатно во хотел, плаќа авио билет |
Задолжителна Новогодишна вечера | 70 еур | Деца 7-11.99 год – 35 еур
|
Во цената се вклучени следниве услуги
- Повратен Авио билет со вклучен багаж- Директен лет: Скопје-Анталија со Sun Express:
XQ631 28DEC SKP AYT 17:25 21:15; XQ630 01JAN AYT SKP 16:35 16:30
- Вклучени аеродромски такси
- Организиран трансфер: Аеродром-Хотел-Аеродром
- 4 ноќевања во SIAM ELEGANCE HOTELS 5*на база All inclusive
- Организација на патувањетo
Во цената не се вклучени следниве услуги: - Задолжителна Новогодишна свечена вечера 70 еур (4.340 мкд)
- Патничко и здравствено осигурување
- Факултативни излети:
1. Анталија-Градска тура (Превоз и водич-возрасни 50 еур, деца 0-5.99 бесплатно, 6-11.99 – 25 еур)
Начин да создадете драгоцени спомени и да се забавувате. Посета на најзначајните споменици и природни чуда: Адријановата Порта, Саат Кулата, водопади и џамии…
2. Демре Мира Кекова -04:00 08:00 Враќање 19:00 22:30 (Возрасни 99 еур, Деца 6-11.99- 55 еур – Превоз, водич, ручек, Посета на црквата Св. Никола и влез во карпестите гробници, продавница за икони и сувенири , пловење со јахта до островот Кекова и Демре -област со посебна убавина, позната по своите подводни убавини, по моштите на Антички град делумно потопен од земјотрес во вториот век. Населба потопена во море-Ѕирнете надолу низ водата, ќе имате чувство како да се лизгате по потонатите ѕидови и скали.
3. Памук Кале 03:30 05:30 Враќање 19:30 22:30 – (Возрасни 99 еур, Деца 6-11.99 -55 еур – Превоз, Водич, Влез за Памук кале Хиераполис, појадок, ручек, продавница за сувенири, за текстил – Дополнително се наплатуваат услуги во Клеопатра базенот (макс. 3 часа) и пијалоци
Памучен замок – чудо на природата кое го одзема здивот со природни топли ивори кои се зацврстуваат во бели карпести базени со неверојатна убавина. Посета на Античкиот град Хиераполис – видете го добро сочуваниот римски театар и античките термални бањи. Можност за капење во термален базен познат како базен на Клеопатра…
4. Аквариум – Полудневна екскурзија (Возрасни 75 еур, Деца 6-11.99 – 65 еур, Деца 0-5.99 -60 еур)
Превоз, бодич, билет за влез – Посетете ја најновата атракција во Анталија, еден од најголемите аквариуми во светот на 3 различни нивоа – најголем подводен тунел во светот. 5 Милиони литри вода во главниот резервоар се дом на многу видови тропски риби и ајкули. Аквариумот нуди и Снежен свет – музеј на мраз.
Напомена: За реализација на сите факултативни излети потребен е минимум од 10 патници, водичите за сите излети се на Англиски јазик
Важна напомена:
- Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62 мкд)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци од денот на патувањето
- Краен рок за пријавување 15.12.2024, за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 50% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Феријал Кашиков