БАНСКО- БЛАГОЕВГРАД
3 дена/ 2 ноќи / автобус
1 ден 07.03.2025 ( петок ) Скопје / Штип – Банско
Поаѓање за Банско во 06:00 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во 07:00 од Штип, паркингот пред Новата пошта. Дневно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Банско во пладневните часови. Сместување во хотел Casa Karina 4*. Слободно време за уживање во СПА центарот или индивидуална прошетка низ градот. Вечера. Ноќевање.
2 ден 08.03.2025 ( сабота ) Банско
Појадок. Слободен ден, предвиден за одмор, рекреација, користење на СПА Центар и содржините кои ги нуди хотелот. Вечера. Ноќевање.
3 ден 09.03.2025 ( недела ) Банско –Штип/ Скопје
Појадок. Одјавување од хотелот. Враќање за Македонија. Попатна прошетка и разглед на Благоевград и посета на Метро. Пристигнување во Штип/ Скопје во вечерните часови.
Цена: 139 €/8.620,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз на дадената релација
- 2 ноќевања со појадок и вечера во хотел Casa Karina 4*
- Прошетка низ Благоевград
- Посета на МЕТРО
- Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса – 120,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)
- патничко осигурување– 150 денари (задолжително)
- Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
Општи напомени :
- ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање
За реализација на аранжманот се потребени минимум од 45 патници за автобус!
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ