Вила“NOEL” – Пефкохори

Вила НОЕЛ – ПЕФКОХОРИ 

 На околу 100 км од Солун се наоѓа Пефкохори. Мирисот на бор, пријатната клима, зеленилото се совршени за прекрасен одмор. Пефкохори го краси преубавата црква, стариот плоштад, улички со расцветани лимонови дрва, долга песочна плажа, шеталиште покрај море кое во вечерните часови е центар на сите збиднувања.

Вила Ноел се наоѓа во строгиот центар на одморалиштето во пешачката зона (улицата која оди кон морето од кружниот тек), на 80 метри од градската плажа. Студијата се на високо приземје и кат и се опремени со клима (се доплаќа), wifi, фен и ТВ. Студијата со четири кревети содржат опремена кујна, француски кревет и стандардни кревети на спрат, пространа тераса. Вила Ноел нема крпи и нема можност за паркирање на улицата пред вилата.

 

 10% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 10.12.2024 до 18.01.2025 (минимум уплата од 50% и доплата до 31.02.2025)

 

ТЕРМИН НАЕМ 1/4 стд
25.05 7 ноќи *129
01.06 7 ноќи *139
08.06 7 ноќи *149
15.06 7 ноќи 510
22.06 7 ноќи 570 €
29.06 7 ноќи 600 €
06.07 7 ноќи 650
13.07 7 ноќи 750 €
20.07 7 ноќи 750 €
27.07 7 ноќи 750 €
03.08 7 ноќи 750 €
10.08 7 ноќи 750
17.08 7 ноќи 750 €
24.08 7 ноќи 660
31.08 7 ноќи 510
07.09 7 ноќи 450
14.09 7 ноќи 400
21.09 7 ноќи 340

BLACK FRIDAY ЦЕНИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО * СЕ ПАКЕТ ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ СО ГРАТИС ПРЕВОЗ, ПОПУСТИ СЕ ПРЕСМЕТАНИ

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ТРИ ЛИЦА ВО 1/4 СТУДИО, ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА

  

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 

 

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди