Велигден во С И Ц И Л И Ј А
17.04 – 21.04.2025 4 ноќи – 5 дена | Лет од Тирана
Авионски лет: | WIZZ AIR (Тирана – Катанија – Тирана) |
Полетување: | 17.04.2025 во 23:20ч. (Тирана) |
Пристигнување: | 18.04.2025 во 00:55ч (Катанија) |
Сместување (услуга) | 4 ноќевања со појадок во хотел 3*** |
Друго вклучено: | Трансфери + paзгледи според програма + претставник од Македонија |
Полетување: | 21.04.2025 во 21:20ч (Катанија) |
Пристигнување: | 21.04.2025 во 22:45ч (Тирана). |
Сицилија е најголем остров во Медитеранот кој географски и припаѓа на Италија, но, во културолошка смисла е земја сама за себе, со единствена традиција, кујна и неповторлив ритам на уживање. Сицилија – магичниот остров, чиј брег го заплискуваат водите на Јонското, Тиренското и Средоземното море, е богата со траги од древните цивилизации, остатоци од вулканските активности, разновидна природа, прекрасни плажи, насади со винови лози и сликовити гратчиња. Сицилија е медитерански свет во мало, со старогрчко, староримско, византијско и шпанскo наследство, а, се смета за најголем музеј на отворено.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
17.04.2025 СКОПЈЕ – ТИРАНА – КАТАНИЈА
Состанок на групата на Дрводекор во 13:00 часот. Поаѓање за Тирана во 13:30 часот. Полетување од Тирана за Катанија во 23:20 и слетување во 00:55 часот во Катанија. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.
18.04.2025 КАТАНИЈА – НОТО – СИРАКУЗА
Појадок. Факултативен излет Ното и Сиракуза. Прошетка низ градот Ното, познат по најубавите згради во сицилијански барок стил кои датираат од 18 век. Секој мај овде се одржува единствениот фестивал на цвеќето – Infiorata. Уметниците користејќи разнобојни латици од специјални видови цвеќиња, прават слики налик на мозаици. Прошетка по централната улица покрај градската порта, црквата Свети Кјара и катедралата Свети Никола, палатите Дичезио и Николачи. Патувањето продолжува за Сиракуза, која била најзначаен и најубав град во покраината, која античките Грци ја нарекувале Мagna Grecia, позната уште како градот на Архимед. Разглед на центарот на градот кој се наоѓа на островот Ортиџа – остатоци од Аполоновиот храм – најстариот грчки храм на Сицилија, градското собрание, фонтаната на божицата Дијана, катедралата над некогашниот храм на Минерва… Враќање во хотел. Ноќевање.
19.04.2025 КАТАНИЈА – ЕТНА – ТАОРМИНА
Појадок. Факултативен излет до симболот на Сицилија – вулканот Етна – највисокиот активен во Европа. Патот не води низ пределите, низ кои некогаш поминувала вжештената лава. По пристигнување на највисоката дозволена висина – 1800 метри, истражување на кратерот Силвестри и околината. Враќање во Џардини Наксос. Во попладневните часови, посета на сликовитата Таормина, со јавен превоз, едно од најубавите гратчиња во Италија, изградено на брдото Monte Tauro од каде се пружа фантастичен поглед на околината и брегот. Ова место, познато уште како бисерот на Медитеранот, поради својата положба и шармот, ги привлекува туристите од целиот свет. Прошетка низ горниот дел од градот, во кој се влегува низ Porta Mesina, пешачката зона Corso Umberto, плоштадот Виктор Емануел, катедралата, грчко-римскиот театар од 3 век пне. Таормина е гратче за уживање, добро капучино или аперитиво, на некоја од панорамските тераси. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
20.04.2025 ПАЛЕРМО
Појадок. По појадокот факултативно заминување кон Палермо со локален водич. Разглед на градот и неговите културно историски знаменитости. Ќе можете да ја посетите Палатата на Норман, Новата Капија, катедралата, плоштадот Виљена и фонтаната на срамот,”Quattro Canti”, Црквата Марторана, театрите Политеама и Масимо. Враќање во Катанија. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
21.04.2025 КАТАНИЈА – ТИРАНА – СКОПЈЕ
Појадок. Разглед на градот со неговите културно историски знаменитости по договор со локалниот водич. Овој град под Етна, после бурната историја и земјотресот, обновен е во 17 век во барок стил и е најголемо пристаниште и стопански центар на Сицилија. Пешачки разглед на историскиот центар. Меѓу многуте раскошни палати и цркви, се истакнува катедралата која го носи името на Света Агата – заштитничка на градот. Прошетката продолжува покрaj рибниот пазар, еден од најпознатите во цела Италија, дворецот Урсино изграден во 13 век, Универзитетот, улицата Via Crociferi… Слободно време за уживање и освежување со највкусниот сладолед и сицилијанскиот десерт – Гранита. Трансфер до аеродромот во Катанија. Полетување за Тирана во 21:20, слетување во 22:45 часот и трансфер до Скопје.
22.04.2025 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
ПАКЕТ АРАНЖМАН – СИЦИЛИЈА ХОТЕЛ 3* |
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ | 17.04 – 22.04.2025 |
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ | 17.04 – 21.04.2025 | |
УСЛУГИ | 4 BB | |
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ | 4Н / 5Д | |
Цена по лице во двокреветна соба | 695€ / 43.090 мкд | |
Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 19.Декември | 645€ / 39.990 мкд | |
Попуст за дете од 2 до 11,99 год* | – 90€ / -5.580 мкд | |
Попуст за трето лице 12+ год* | -70€ / -4.340 мкд | |
Доплата за еднокреветна соба | 160€ / 9.920 мкд | |
*на барање ! сместувањето е на дополнително легло, софа на спуштање, доколку има расположливо !! |
Во цената е вклучено :
- Организиран трансфер Скопје – Тирана – Скопје
- Авионски превоз на релација Тирана- Катанија – Тирана (Wizz air)
- Аеродромски такси
- Кабински багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см)
- Сместување во хотел со 3* во Катанија на база 4 ноќевања со појадок – 4 В&В
- Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Катанија
- Пешачки разглед на Катанија со локален водич
- Пратител од Македонија за време на патувањето
Во цената не е вклучено :
- Туристичка такса 496,00 денари / 8 еур (2€ по лице од ноќевање) – се плаќа во агенција
- Факултативен излет Ното и Сиракуза (трансфер и локален водич) – 70€
- Факултативен излет Етна (до 1900м) и Таормина (трансфер и локален водич) – 80€
*можност за искачување до 2920м надморска височина со доплата +95€ (жичара од 1900 – 2520 м, џип до 2920м и водич) - Факултативен излет Палермо (трансфер и локален водич) – 75€
Вленици за културно-историски споменици:
- Археолошки локалотет Сиракуза – 35€
- Грчки театар во Таормина – 20€
- Патничко осигурување
- Останати не споменати услуги
- *Доплата за багаж:
- Чекиран куфер (1 куфер до 10 кг.) ден.
- Чекиран куфер (1 куфер до 20 кг.) ден.
- WIZZ Priority + 1 small bag ден.
- *цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
Забелешки:
- Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
- За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот и копија од пасош.
- Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
- Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
- Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.