Кипар во Мај
Авион 5 дена / 4 ноќевања
КИПАР живописен остров во Средоземното море кој постојано го привлекува вниманието на илјадници туристи, влијанието на средоземната медитеранска клима и неговата местоположба се причина во Кипар да доминираат сончеви денови преку целата година. Територијално островот е поделен помеѓу Турција – Северен Кипар и Грција – Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Главниот град Никозија или Лефкозија и најголем град на островот. Поголеми градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Ларнака, големото шеталиште со палми и соленото езеро со фламингоси се дел од причините да се биде тука… Лимасол, модерен, богат, град кој поради многу нешта претендира да стане економски центар на Кипар…Никозија, антички наречена Ледра, град кој припаѓа на две држави. Интересно е да се биде во град каде што со пасош ќе преминете улица…
16.05.2025 (Петок) СКОПЈЕ- ШТИП – ЛАРНАКА
Поаѓање во 14:00 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во 15:00 часот од паркингот пред Новата Пошта во Штип. Организиран трансфер до аеродромот во Солун. Полетување за Ларнака во 23:30 часот (локално време). Слетувањето е во 01:05 часот (локално време). Организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
17.05.2025 (Сабота) ЛИМАСОЛ и ПАФОС
Појадок. Факултативна посета на вториот по големина град, Лимасол. Панорамски разглед на градот и посета на пристаништето со луксузни јахти… Патот не води кон плажата на која во морската пена се родила божицата Афродита. Продолжуваме кон Пафос -град на југозападниот брег на Кипар каде што има најмногу историски споменици кои се под заштита на УНЕСКО. Разгледот започнува со посета на катакомбите на Св. Соломон и црквата на св.Павле (павлови стубови). Попатна посета на манастирот св. Неофит Кипарски. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
18.05.2025 (Недела ) АЈА НАПА
Појадок. Факултативна посета на Аја Напа. Аја Напа е живо место, популарна туристичка дестинација сместена на југоисточниот брег на Кипар, а името го добила по Света Напа, која е заштитничка на градот. Од 70-тите години на минатиот век, од мирно рибарско место, Аја Напа станува најпосетена дестинација на островот. Денес изобилува со модерни хотели и други видови на сместувачки капацитети, продавници за се’ и сешто огромен број на ресторани со разновидни кујни (грчка, италијанска, азиска, мексиканска…), кафе барови, популарни барови на плажи, ноќни клубови – па тука секој посетител може да си пронајде свое омилено место. Во Аја Напа дури 14 плажи се одликувани со “Сино знаме”, па навистина нема да згрешите која плажа и да ја посетите, а најпопуларна (во Аја Напа и на целиот Кипар) е плажата Ниси. Ниси е плитка лагуна со кристално чиста, тиркизна вода, од каде со пешачење може да стигнете до многу мало, ненаселено островче, од каде има убав, панорамски поглед на целиот Ниси залив. Слободно време за индивидуални актиности и можност за капење. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
19.05.2025 (Понеделник) ПЛАНИНАТА ТРОДОС, СЕЛАТА ПЕДУЛАС, ПЛАТРАС И ОМОДОС .
Појадок. Факултативна посета на планината Тродос, факултатива која не води по планинските краеви и најзелените делови на Кипар, со прекрасни традиционални селца. Возејќи се по планината поминуваме покрај најголемата брана за вода Курис и огромните плантажи за грозје. Поминуваме по планината Тродос со кратка прошетка, потоа пристигнуваме во една од најголемите и најраскошните манастири Кикос, познат по богатата колекција на икони и највредната икона на света Богородица Троручица која ја насликал св. Лука. Патот продолжува кон гробницата на Архиепископот Макариос прв претседател на Република Кипар. Попатна посета на селото Педулас и црквата св. Архангел Михаил. Патот не води кон селото Платрас каде ќе го посетиме манастирот Тродотиса. Пристигнуваме во селото Омодос каде ја посетуваме црквата на светиот крст каде е зачувано дел од јажето со кое бил врзан Исус Христос на чесниот КРСТ. Враќање во хотел. Ноќевање.
20.05.2025 (Вторник) ЛАРНАКА– НИКОЗИЈА-ЛАРНАКА
Појадок. Ојавување од хотелот. Факултативна посета на Никозија– главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Попатна посета на манастирот св. Текла. Пристигнување во Никозија, посета на катедралата св. Јован и Торањ, прошетка низ градот познат по автентични продавнички, ресторани, пазари, слободно време за шопинг или ручек во некои од многубројните кафани. Продолжуваме кон центарот на Никозија каде е зелената линија и познатиот ѕид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел. Посета на црквата Аја Фанеромени. Посета на катедралата на Св. Џона и статуата на независен Кипар. Во 16:00 трансфер до аеродром, полетување во 20:15 часот. Слетување во Солун во 22:05 часот. Организиран трансфер до Штип/ Скопје. Попатни паузи и царински формалности.
21.05.2025 (Среда) СКОПЈЕ/ ШТИП.
Пристигнување во Скопје/ Штип во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 395€ / мкд
* Местата по дадената цена се ограничени
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Трансфер Скопје – Солун аеродром – Скопје
- Авионски билет Солун – Ларнака – Солун со авикомпанија Wizz Air
- Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
- Аеродромски такси
- Трансфери аеродром – хотел – аеродром
- Сместување во хотел 3* на база 4 ноќевања со појадок
- Организација на аранжманот со туристички придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за чекиран багаж, инфо за цена во агенција на 10 дена пред патувањето
- Туристичка такса- 2 евра по лице од ноќ (се плаќа во агенција)
- Факултативна Aja Напа- 45 евра со локален водич и трансфер (минимум 20 патника)
- ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА– Факултативна посета на Никозија со локален водич и трансфер– 50 евра (минимум 20 патника)
- Факултативна посета на градот Лимасол и Пафос – 60 евра со локален водич и трансфер (минимум 20 патника)
- Факултативна посета на Тродос, Педулас, Платрас и Омодос – 60 евра со локален водич и трансфер (минимум 20 патника)
- Патничко осигурување- 200 денари (задолжително)
НАПОМЕНИ:
- Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
- Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ