8 МАРТ ВО МАДРИД

8 МАРТ ВО МАДРИД

4 дена / 3 ноќевања

Термин: 28.02- 03.03.2026

Во срцето на Иберискиот Полуостров блеска Мадрид – град што зрачи со живот, култура и страст. Оваа космополитска престолнина ја спојува благородната историја со современата енергија, создавајќи дестинација што плени на прв поглед. Од монументалниот Пласа Мајор и импозантниот Кралски дворец, до уметничкиот триаголник со светски реномирани музеи, Мадрид е рај за љубителите на уметноста, архитектурата и автентичниот урбан дух. Градот се гордее со својата богата гастрономска сцена – од традиционални тапас барови до современи гурмански ресторани каде секој залак ја раскажува приказната на Шпанија. Но она што го прави Мадрид навистина посебен е неговата атмосфера – топлината на луѓето, улиците полни со смеа и енергијата што не згаснува ни по полноќ. Без разлика дали ќе прошетате низ Паркот Ретиро, уживате во залез над Темпло де Дебод, или ќе го почувствувате ритамот на фламенкото, Мадрид ќе ве обвие со својот непогрешлив шарм. Мадрид не е само место што се посетува – тоа е чувство што останува.

 

28.02.2026  (Сабота) СКОПЈЕ-МАДРИД
Состанок на групата на аеродром Скопје во 14:00 часот. Полетување за Мадрид во 16:05 часот со авикомпанија Wizz Air. Слетување во Мадрид во 20:00 часот (локално време). Организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.

01.03.2026   (Недела) МАДРИД
Појадок. Факултативен панорамски и пешачки разглед на Мадрид со лиценциран локален водич. По појадокот, организиран панорамски разглед на Мадрид со лиценциран локален водич. Разгледот започнува од северната страна на градот, поминувајќи покрај модерните пет облакодери, симболи на новиот Мадрид продолжувајќи со импресивни знаменитости како стадионот Сантијаго Бернабеу, плоштадот Сибелес со градската палата, како и музејскиот комплекс Прадо, срцето на уметничкото наследство на Шпанија. Разгледот води низ Гран Виа, најпознатата улица во градот, покрај првите мадридски облакодери и сè до Шпанскиот плоштад со споменикот на Сервантес и легендарните ликови Дон Кихот и Санчо Панса. Потоа, следува разглед на Темпло Де Дебод, најстариот споменик во Мадрид, египетски храм подарен на Шпанија, како и други препознатливи места вклучувајќи ја Пуерта де Алкала импресивна триумфална капија изградена во периодот на Бурбонската династија во XVIII век, поставена во чест на кралот Карло III и прочуената арена за корида Плаза де Торос (без внатрешна посета).

По панорамскиот разглед, следи организиран пешачки разглед со лиценциран локален водич низ историското јадро на Мадрид. Разгледот започнува од Пуерта дел Сол, централниот градски плоштад каде се наоѓа славната статуа на мечката потпрена на дрво – заштитен знак и симболот на Мадрид. Потоа, продолжуваме кон Плаза Мајор и гастрономскиот пазар Меркадо де Сан Мигел, каде ќе го разгледаме Ботин, најстариот ресторан во светот. Патеката нè води преку Плаза де ла Виља и Калје Мајор до катедралата Алмудена– историски плоштад на кој се одржале првите кориди во Мадрид, а потоа и до Кралската палата – најголемата во Западна Европа. Турата завршува пред зградата на Кралската опера и плоштадот Ориенте. Слободно време до организираниот трансфер до хотелот околу 18:00 часот. Враќање во хотелот. Ноќевање.

02.03.2026   (Понеделник) МАДРИД
Појадок. По појадокот, заминување со јавен превоз кон централниот дел на градот. Можност за посета на прочуениот музеј Прадо, еден од најзначајните уметнички музеи во светот. Тука ќе ги видите музејските поставки и делата на Веласкес, Гоја, Ел Греко и многу други уметници кои оставиле трага во европската историја на уметност. По посетата на Прадо, ви препорачуваме да прошетате низ најпознатиот парк во Мадрид – Паркот Ретиро. Овој парк е омилено место на локалното население за прошетка, одмор и бегство од градската врева. Тука можете да уживате покрај езерцето со чамчиња, да го прошетате кристалниот дворец Паласио де Кристал или едноставно да се релаксирате во зеленилото. Шопинг на најголемата и дефинитивно најтуристичка улица во Мадрид „Гран Виа“ која се протега од „Плаза де Еспана“ до „Кале де Алкала“ во близина на „Плаза де Цибелес“. Долга е 1300 метри и стара 100 години. Оваа улица се нарекува и Бродвеј во Мадрид, заради многуте продавници, огромни екрани, реклами, кина, кафулиња и прекрасни згради, особено Edifico Carrion и Telefonica. Овде можете да го гледате Кралот лав, изведба на Cirque du Soleil или The Poor, да одите на фламенко шоу навечер или стенд-ап комедија во La Chocita del Loro. На пат кон центарот, наша препорака е да направите кратка пауза за едно од најпознатите мадридски задоволства – чурос со топло чоколадо (Чурос се традиционално шпанско благо кое се јаде во текот на целиот ден, но Мадриѓаните најчесто го практикуваат како утрински или попладневен ритуал) или посета на некои од локалните барови кои служат предјадења (традиционален шпански мезе: разни грицки, топли и ладни, со маслинки, сирење, пршута, шунка…). За оние што сакаат убави панорамски фотографии, постои можност за посета на прочуениот видиковец на Rooftop Terrace на хотел RIU Plaza España, еден од највпечатливите погледи на Мадрид. Од горе градот се гледа како на дланка – од Гран Виа до Кралската палата. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Враќање во хотелот. Ноќевање.

03.03.2026   (Вторник) МАДРИД-ТОЛЕДО-МАДРИД  
Појадок.
Одјавување од хотелот. Задолжителна факултативна посета на Толедо. Патувањето трае околу еден час и води кон срцето на регијата Кастиља — област позната по нејзините златни житни полиња, самотни замоци, широки лозја, полиња со шафран, традиционалните ветерници и пејзажи поврзани со приказната за Дон Кихот. По пристигнувањето во Толедо, некогашната престолнина на Шпанија и еден од најимпресивните градови во земјата, ќе го откриете неговото типично ридско поставување, под чие подножје тече реката Тахо- најдолгата река на Иберискиот Полуостров, која го продолжува својот тек и низ Португалија. Започнуваме со панорамна пауза од видиковецот над Тахо, од каде се отвора поглед кон тврдината-палата Алказар. Следи прошетка низ старото градско јадро, богато со архитектонски бисери што претставуваат врвни примери на маварскиот и средновековниот стил, а Толедо е воедно и прочуен по традицијата на изработка на марципан. Продолжуваме со разглед на Готската катедрала (Catedral de Toledo), чија изградба се одвивала во период од три века- од XIII до XV столетие. Во катедралата ќе го видиме раскошниот олтар и ризница која ги чува делата и апостолатските композиции на Ел Греко. По завршената посета, организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 20:45 часот.

04.03.2026   (Среда) СКОПЈЕ.
Слетување во Скопје во 00:15 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  539€ / 33.420,00 денари
* Местата по дадената цена се ограничени

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

 

  • Авионски билет Скопје – Мадрид – Скопје со авикомпанија Wizz Air
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Gran Legazpi 3* https://www.hotelgranlegazpi.com/es/
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
  • Организација на аранжманот со туристички придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 

  • ФАКУЛТАТИВЕН ЦЕЛОДНЕВЕН ПАНОРАМСКИ И ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД НА МАДРИД (организиран трансфер и локален водич на српски јазик) –  20 евра (минимум 20 патници)  *резервација и плаќање во агенција
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА- ТОЛЕДО (локален водич на српски јазик и трансфер) – 75 евра (минимум 20 патници)  *резервација и плаќање во агенција
  • Влезница за Музеј Прадо- 15 евра (резервација и плаќање во агенција)
  • Влезница за Готската катедрала во Толедо- 12 евра (резервација и плаќање во агенција)
  • Туристичка такса- 5 евра по лице (се плаќа во агенција)
  • Можност за Трансфер Штип– Aеродром – Штип (доплата 10 евра)
  • Доплата за чекиран багаж, инфо за цена во агенција на 10 дена пред патувањето
  • Влезници за културно- историски споменици
  • Билети за јавен превоз
  • Патничко осигурување- 200 денари (задолжително) *За лица на возраст до 62 години

НАПОМЕНИ:

 

  • Дадената цена е по лице за сместување во двокреветни соби.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
  • Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. При резервација задолжително е пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • ЕЕС СИСТЕМ- Од 12 октомври 2025 година, на граничните премини на Европа започна со работа Системот за влез/излез (EES). Системот за влез/излез (EES) се применува и при пристигнување и при заминување од Шенген-зоната. Овој автоматизиран систем е дизајниран за евиденција на државјани на трети земји кои патуваат за краток престој (максимум 90 дена во рамките на кој било период од 180 дена). При преминување на границата, патниците ќе треба да:
  • Го покажат својот патен документ
  • Извршат еднократна биометриска регистрација (вклучувајќи четири отпечатоци од прсти и фотографија од лицето)

Ве молиме имајте предвид дека државјаните на ЕУ, жителите на ЕУ, како и носителите на долгорочна виза на ЕУ се ослободени од регистрација во овој систем.

Процесот на регистрација може да одземе дополнително време при пасошката контрола. Затоа, ви препорачуваме да пристигнете на аеродромот навреме, за да имате доволно време за пријавување, безбедносни проверки и гранични постапки. Непридржувањето кон ова може да резултира со пропуштање на летот.

 

За реализација на аранжманот се потребени  минимум од 25 патници!

Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди