DEDEMAN KUŞADASI MARINA – KУШАДАСИ

 DEDEMAN KUŞADASI MARINA

 

Положба: Хотелот е идеално лоциран на само 200 метри (околу 2 минути пеш) од марината во Кушадаси и на околу 5 минути пеш од самиот центар на градот. Во непосредна близина се наоѓаат бројни ресторани, барови, културниот центар KEGEV и познатиот пазар „Grand Bazaar“ кој е оддалечен околу 1.8 км.

 

Сместување: Хотелот располага со 76 целосно реновирани соби (вкупно 156 легла), категоризирани како Family, Standard и Standard Plus. Сите соби се климатизирани и опремени со сопствена бања (туш, фен за коса, тоалетни додатоци), ТВ со сателитски канали, сеф, мини-бар, сет за чај и кафе, како и бесплатен Wi-Fi.

 

Услуга: Хотелот нуди услуга на база ХБ (ноќевање со појадок и вечера  – шведска маса). Во рамките на хотелот работи ресторанот „Anzarot Mezehane“ кој нуди турски и егејски специјалитети со панорамски поглед од 360 степени на Кушадаси.

 

Бесплатни услуги: Користење на базен на отворено (сезонски), Wi-Fi интернет во целиот објект, лежалки и чадори покрај базенот, градина, тераса за сончање.

 

Услуги со доплата: Пијалоци во барот (вклучувајќи го и барот покрај базен), спа третмани и масажи, користење сауна и амам (турска бања), сеф во соба, медицински услуги и надворешен паркинг.

Содржини: Хотелот располага со еден главен ресторан, бар, бар покрај базен, кровен базен, детски базен, спа центар, сауна, тераса и 24/7 рецепција.

 

Плажа: Хотелот е оддалечен само 6 минути пеш од градската плажа (Kuşadası Sahil Beach). Познатата плажа Ladies Beach е на оддалеченост од околу 3.7 км, додека Green Beach е на околу 4.4 км.

 

Спорт и забава: Надворешен базен со панорамски поглед, детски базен и спа центар за релаксација.

   
ТЕРМИН  
01.06-11.06 540 EUR
06.06-16.06 540 EUR
11.06-21.06 540 EUR
16.06-26.06 540 EUR
21.06-01.07 540 EUR
01.07 -08.07 422 EUR
08.07-15.07 462 EUR
15.07 -22.07 462 EUR
22.07 -29.07 462 EUR
29.07 -05.08 462 EUR
05.08 –12.08 462 EUR
12.08 -19.08 462 EUR
19.08 -26.08 462 EUR
26.08 -02.09 450 EUR
02.09 -09.09 439 EUR
09.09 -16.09 439 EUR
16.09 -23.09 439 EUR

 

Во цената се вклучени 7/10 ноќевања на база HB ( појадок и вечер ), клима и превоз.

Прво дете од 0-5,99 години само превоз 80 € , за второ дете 20% попуст

За дете од 6-11,99 години 20% попуст

 

Поаѓањето е еден ден порано од датумот даден во табелата.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди