Вила ,,FAROS” – ЕДИПСОС, ЕВИА 2026

VILLA FAROS – ЕДИПСОС, ЕВИА

Villa Faros во својот состав располага со повеќе типови на студија и апартмани за одмор. Сместен на растојание од околу шесетина метри од шеталиштето и центарот на градот, а од познатата плажа со термални извори не повеќе од осумстотни метри, овој објект претставува одличен избор за сместување во Едипсос. Покрај лифт, рецепција и мало лоби, објектот во својот состав вбројува и студија и апартмани од кои дел се наоѓаат на високото приземје, а другите на првиот и вториот кат од неговата зграда. Во зависност од ориентацијата, од балконите се пружаат погледи кон улицата, дворот или морето. Сите студија и апартмани се опремени со соодветен мебел, мини кујна, ТВ и клима уред, како и WI-FI интернет за потребите на нивните гости.

ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ + ТРАЕКТ

Престој во термин: Услуга (Ноќевања) STD 1/2 (2 лица) STD 1/2 SV (2 лица)
23.05 – 30.05.2026 7 140 € 148 €
30.05 – 06.06.2026 7 150 € 159 €
06.06 – 13.06.2026 7 157 € 166 € 
13.06 – 20.06.2026 7 185 € 196 € 
20.06 – 27.06.2026 7 185 €  196 €
27.06 – 04.07.2026 7 192 € 204 €
04.07 – 11.07.2026 7 203 € 215 €
11.07 – 18.07.2026 7 211 € 224 €
18.07 – 25.07.2026 7 218 €  232 €
25.07 – 01.08.2026 7 218 € 232 €
01.08 – 08.08.2026 7 218 € 232 €
08.08 – 15.08.2026 7 218 €  232 €
15.08 – 22.08.2026 7 211 €  224 €
22.08 – 29.08.2026 7 203 € 215 € 
29.08 – 05.09.2026 7 192 € 204 € 
05.09 – 12.09.2026 7 192 € 204 € 
12.09 – 19.09.2026 7 175 €  185 € 
19.09 – 26.09.2026 7 150 € 157 € 
  • Цените се дадени по лице  за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз + траект

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА

Престој во термин: Услуга (Ноќевања) STD 1/2 (2 лица) STD 1/2 SV (2 лица)
23.05 – 30.05.2026 7 179 €  196 €
30.05 – 06.06.2026 7 200 €  217 €
06.06 – 13.06.2026 7 214 €  231 € 
13.06 – 20.06.2026 7 270 € 291 € 
20.06 – 27.06.2026 7 270 € 291 €
27.06 – 04.07.2026 7 284 € 308 €
04.07 – 11.07.2026 7 305 € 329 €
11.07 – 18.07.2026 7 322 € 347 € 
18.07 – 25.07.2026 7 336 € 364 €
25.07 – 01.08.2026 7 336 € 364 €
01.08 – 08.08.2026 7 336 € 364 €
08.08 – 15.08.2026 7 336 € 364 €
15.08 – 22.08.2026 7 322 € 347 € 
22.08 – 29.08.2026 7 305 € 329 €
29.08 – 05.09.2026 7 284 € 308 €
05.09 – 12.09.2026 7 284 € 308 €
12.09 – 19.09.2026 7 249 € 270 €
19.09 – 26.09.2026 7 200 € 214 €
  • Цените се дадени за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз)
Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
Програма на патувањето
1 ден:       Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент или советник за патување. Влез во објектот по 14:00 часот или во време во договор со домаќинот. Ноќевање.
2 – 7 ден:  Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции  и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден: Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.
АВТОБУСКИ и БРОДСКИ ПРЕВОЗ   
Цена на повратен автобуски превоз:  70 EUR (50 EUR за дете 02 до 12 год.)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
Сатници на поаѓање до 20.Јуни 2026:                                               Сатници на поаѓање од 27.Јуни 2026:
– Скопје, во  00:30 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски”) —————- – Скопје, во  23:30 ч. (петок навечер – паркинг, СРЦ “Борис Трајковски”)
– Велес, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија) ————- – Велес, во  24:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во  01:30 ч.  (бензиска пумпа “Макпетрол”)                       – Неготино, во  00:30 ч.  (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во  02:00 ч.  (бензиска пумпа “Shell”)                                – Смоквица, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа “Shell”)
– Гевгелија, во  02:30 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)              – Гевгелија, во  01:30 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

Опис на сместувачки капацитети

Приземје:
– Aпартман бр.3 и 4 тип 2 Bedroom 1/2+1/1  (еден единечен со ширина 90 и два единечени со ширина 80 cm)Втор кат:
– Студио бр.13 1/2 (брачен кревет со ширина 150 cm)
– Студио бр.14 тип 1/2   (два единечени кревети со ширина 90 cm)
– Студио бр.15 тип 1/2   (два единечени кревети со ширина 90 cm)
– Студио бр.16 тип 1/2   (два единечени кревети со ширина 90 cm)
– Студио бр.17 1/2 SV (брачен кревет со ширина 150 cm)
– Студио бр.18 1/2 SV (брачен кревет со ширина 150 cm)
– Студио бр.19 тип 1/2 SV (два единечени кревети со ширина 90 cm)

Сите соби се опремени  со кујна опремена со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, висечки елемент над кујна и под кујна и се опремени со LCD TV, клима и маса и столчиња, (соодветен број на кревети).  Прозорите имаат шибер ролетна и завеси, но немаат комарник. Тоалетот е со туш када дирекно на плочки со вентилација или прозор.

Околина: Во близина на вилата се наоѓаат фурна, ресторани по главната улица покрај море за шетање, паркинг на улица покрај вилата.
Чистење: студио еднаш за време на престој, промена на постелина еднаш за време на престој.
Забелешка: Има Wi Fi Internet.
* Апартман бр. 3 и 4 имаат заедничка кујна.
* Достапна е посебна просторија за куфери за последниот ден од патувањето,тоалет и кујна кој ќе може да го користат гостите.

  

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди