ПАРИЗ

П А Р И З
08.02.2025 – 11.02.2025 | 3 ноќевања | Лет од Скопје

 

Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната… Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер… Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија… А потоа неколку и покрај Триумфаланата капија, Нотр Дам… Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж…

 

Авионски лет:  WizzAir (Скопје – Париз Beauvais – Скопје)
Поаѓање: 08.02.2025 во 13:10ч. (Скопје)
Пристигнување: 08.02.2025 во 16:20ч (Париз)
Услуга/Сместување 3 ноќевања со појадок  3 B&B / хотел 3*
Друго вклучено: Трансфери + paзгледи според програма + претставник од Македонија
Поаѓање: 11.02.2025 во 16:50ч. (Париз)
Враќање во Скопје: 11.02.2025 во 19:35ч. (Скопје)

1 Ден  08.02.2025                            Скопје – Париз
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 11:10 часот. Полетување за Париз во 13:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air, W6 4719. Слетување во Париз на  аеродромот Beauvais во 16:20 часот.  Организиран трансфер до хотелот со попатен панорамски разглед  на градот: Елисејските полиња, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, црквата Мадлена, операта Гарние, плоштадот Вандом, музејот Лувр, островот Сите, латински кварт, Богородичната црква, Сорбона, Луксембуршки парк, Дом на Инвалидите, Трокадеро, Ајфелова кула. Сместување и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

2 Ден   09.02.2025                           Париз – Версај
Појадок. По појадокот факултативна посета на дворецот Версај изграден од францускиот крал Луј XIV, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, салата со огледалата и прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј ХIV, со многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило (напомена: разгледот не вклучува посета на градините и фонтаните со музика). По завршување на посетата на Версај следи слободно време за прошетка и индивидуални актвности. Препорачуваме посета и можност за ручек во Латински кварт (каде има многу ресторани кои нудат дневно мени за по 15-20 Евра по лице со специјалитети од француската кујна, има и продавници за сирења и кашкавали, винотеки итн), посета на Катедралата Нотрдам, прошетка во областа Сан Мишел, попатна посета на Универзитетот Сорбона, Пантеонот (каде се погребани видни и значајни личности од француската култура, историја, наука како Жан Жак Русо, Марија и Пјер Кири, Волтер и други…). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

 

3 Ден   10.02.2025                           Париз – Лувр
Појадок.  Слободно време. Предлагаме факултативна посета (со воз/метро) на музејот Лувр, еден од најбогатите светски музеи, резиденција на француските кралеви повеќе од 700 год, се до нивното преселување во дворецот Версај. Дворецот поседува колекција од над 65.000 уметнички дела, меѓу кои и најпознатото дело на Леонардо Да Винчи, познатата  Мона Лиза, античката скулптура на Венера и многу други. Препорачуваме  посета на операта Гарние и познатата галерија Lafayette. Пред стемнување факултативна можност за посета на Ајфелова кула, превоз со метро. По заврашување на посетата  на Ајфеловата кула можност за крстарење по Сена. Враќање во хотел (со метро/воз). Ноќевање.

 

4 Ден 11.02.2025                              Париз – Скопје
Појадок. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 16:50 часот, слетување Скопје во 19:35 часот.

 

ПАКЕТ АРАНЖМАН – ПАРИЗ 
ХОТЕЛ 3*
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 08.02 – 11.02.2025
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 08.02 – 11.02.2025
УСЛУГИ 3 BB
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 3 Н / 4 Д
Цена по лице во двокреветна соба 549€ / 34.038 мкд
Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 30.Декември 499€ / 30.938 мкд
Попуст за дете до 11,99год* -75€ / -4650 мкд
Доплата за еднокреветна соба 150€ / 9.300 мкд
 *на барање ! сместувањето е на дополнително легло, доколку има расположливо !!
Нема можност за сместување на трето возрасно лице 12+ год.

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авио билет на релација Скопје – Париз Beauvais – Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Рачен багаж со (димензии 40x30x20 cm) маx до 10 кг.
  • Организиран трансфер со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Разглед на Париз со автобус и локален водич
  • Организација на патувањето
  • Придружник за целиот престој во Париз

 

Во цената НЕ се вклучени следниве услуги:

*Доплата за багаж:

  • Чекиран куфер (1 куфер до 10 кг.)
  • Чекиран куфер (1 куфер до 20 кг.)
  • WIZZ Priority + 1 small bag  * цената на багажот е променлива, Ве молиме да се информирате при резервација.
  • Билет за јавен превоз со метро и автобус во Париз (“carnet”)
  • Влезница за Ајфелова Кула ( влезница до 2-кат 23 € / до врвот 33 € – се купуваат на лице место, цените се од информативен карактер)
  • Посета на Лувр –  70 € влезница + водич
  • Посета на Версај –  95 € влезница + водич, (се патува со автобус од хотел) не е вклучена влезница за парковите и се плаќа на лице место , доколку има можност!
  • Крстарење по Сена – 23 €
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување
  • Туристичка такса околу 5,2€ по лице на ден (се плаќа во хотел)

 

 

 

Напомена:

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни соби. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1€ =62,00 денари. Калкулацијата е правена на минимум пријавени 20 патници.
  • За резервација задолжителна уплата на аванс од 40% од вкупниот износ. За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање.
  • При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање, доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди