Божиќен маркет во магичната Виена и космополитската Будимпешта

Божиќен маркет во магичната Виена и космополитската Будимпешта
4 дена/ 2 ноќи / автобус

 

1ден 06.12.2024 (петок)  Штип / Скопје – Будимпешта
Поаѓање од Штип во 16:30 часот, паркингот кај Новата Пошта, во 18.00 часот од Скопје, паркингот кај хотел Вип. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2ден 07.12.2024 (сабота) Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта во предпладневните часови. Разглед на Будимпешта со локален туристички водич: Пешта – споменикот на Милениумот односно плоштадот на хероите, Градскиот парк, Операта, улицата Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата Св.Стефан, Будим – мостовите на Дунав, Цитаделата – Тврдината со кралските палати, Црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина. Сместување во хотел. Слобдоно време за индивидуални активности .Посета на Божиќниот маркет во Будимпеша. Ноќевање.

3 ден  08.12.2024  (недела) Будимпешта  Виена – Будимпешта
Појадок. По појадокот факулатативна  посета на  Виена. Заеднички да откриеме зошто божиќниот маркет во Виена е толку магичен. Од средината на Ноември па се до  Божиќ, најубавите плоштади во Виена се трансформираат во магични божиќни пазари. Низ воздухот се шири мирисот на божиќното печење, врелиот пунч и препечените бадеми, стариот град и трговските улици се украсени со празнични светилки кои ја шират божиќната магија во Виена. Разглед на градот со локален водич кој најдобро ке ни ја долови и историјата убавината на овој град:  Плоштадот Рингштрасе, Палатата хофбурн, Парламентот Дворецот Белведере, Катедралата Св. Стефан. Слободно време низ центарот на Виена и Божикниот маркет на Ратхаусплац.Поаѓање за Будмипшта околу 19 часот. Ноќевање.

4 ден  09.12.2024  (понеделник) Будимпешта
Појадок. Напуштање на хотелот и посета на шопинг центар Арена. По посетата слободно време за прошетка низ најпознатата улица во Будимпешта – Ваци, и  Божиќниот маркет кој беше прогласен за најубав во 2020-та година. Божиќни подароци, украси од дрво, слатки, топли пијалоци, забава, работилници за деца и уште многу други работи може да ги видиме  кога ќе го посетиме Божиќниот маркет во Будимпешта. Можност за факултативно крстарење со брод по Дунав.  Во вечерните часови поаѓање за Македонија.

5 ден  10.12.2024  (вторник) Скопје / Штип
Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

ЦЕНА: 149€ /  9.240,00 денари

  

Во цената на аранжманот е вклучено :

  • превоз со туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Будимпешта
  • Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружнк

 

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Разглед на Будимпешта со локален водич – 10 евра ( задолжителна – уплата во агенција)
  • факултативно крстарење со брод по Дунав – 20 евра ( мин. 25 лица за реализација, пријавување и уплата во агенција)
  • факулативна посета на Виена(Превоз +локален водич )– 45 евра ( мин. 35 лица за реализација, пријавување и уплата во агенција)
  • патничко осигурување-200 денари (задолжително)
  • влезници за културно-историски споменици

 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

Рок на пријавување до 20.11.2024

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

 Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ

 

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди