НОВА ГОДИНА ВО БУКУРЕШТ

НОВА ГОДИНА ВО БУКУРЕШТ

29.декември (петок)    СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ
Состанок на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски” во 18:30 часот. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.

30.декември (сабота)   БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата, Селото Музеј… Сместување во хотел. Навечер, факултативна вечера во традиционален ресторан. Ноќевање.

31.декември (недела)        БУКУРЕШТ –  СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативна екскурзија (Синаја, Бран и Брашов). Посета на градините на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар во кој се наоѓа и  познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел во вечерните часови. Вечерта можност за дочек на Новата 2024 година на некои од плоштадите во градот.Ноќевање.

01.јануари (понеделник)      БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови.  Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

Цени на аранжманот: 155 € (9.610,00 ден)


Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Oрганизирани разгледи според програмата
– Сместување во хотел Ibis Politehnica *** на база на 2 ноќевања со појадок
– Организација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Вечера во национален ресторан
– Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (40€, не се вклучени влезници)
– Влезници за музеите и културно-историските споменици (Peles Castle Sinaia 11€ / Bran Castle 12€)
– Патничко осигурување и други неспоменати посети и услуги
– Дoплата за еднокреветна соба 60€

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди