ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ЈАНИНА

НОВА ЕКСКЛУЗИВНА ДЕСТИНАЦИЈА

Јанина
Со посета на Костур

 

1 ден 21.06.2024 ( Петок)  Скопје- Штип – Јанина
Поаѓање за  Јанина во 00:00 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во  01:30ч од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 02:30 часот од Струмица, бензинската Макпетрол. Патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Јанина во утринските часови, разглед на градот со туристички придружник. Посета на тврдината Итс Кале. Шетајќи во тврдината ќе ги забележите знаменитостите на Јанина: двете џамии- Аслан паша (која сега е музеј) и Фетихе џамија која е изградена од Али Паша во 1795 година каде се наоѓа и гробницата со неговото безглаво тело,  Сребрениот музеј, Византискиот музеј, Турска бања (хамам), Еврејската синагога како и Бохемунд кулата. Факултативна посета на островот Ниси. Поаѓање со брод кон островот Ниси кој се наоѓа во езерото Памвотида. Островот Ниси е населен остров кој воодушевува со своите атракции. Посета на манастирот Свети Николаос Филантропински, манастирот Успение на Богородица како и манастирот Агиос Пантелејмон, каде што е убиен Али Паша. Овде денес се наоѓа Музејот на Али Паша кој со своите артефакти, изложбени дела и колекции ни го раскажува делото и животот на Али Паша. Враќање во Јанина.Сместување во хотел.Слободно време за прошетка и слободни активности. Ноќевање.

2 ден 22.06.2024 ( Сабота ) Јанина
Појадок. По појадокот, факултативна посета на пештерата Перама и Музејот на восочни фигури. Пештерата Перама е една од најубавите пештери во Европа. Организирана туристичка рута на 1100 метри на пештерата со локален водич во времетраење од 45 минути. Поаѓање кон Музејот на восочни фигури “Павлос Врелис”, најпознатиот музеј на грчката историја сместен во импресивна зграда во Бизани. Слободно време за посета на шопинг центар Икеа: H&M, Pepco, Jumbo, Intersport… Враќање кон хотелот. Можност за факултативна вечера во таверна. Ноќевање.

3 ден 23.06.2024 (Недела)  Јанина- Костур- Штип- Скопје
Појадок. Одјавување од хотелот. Поаѓање кон Костур или Касторија, град сместен на брегот на езерото Орестиада. Град во кој има преку 50 византиски цркви и манастири. Прекрасното шеталиште покрај езерото води се до Пештерата на Змејот.  Факултативна посета на Пештерата на змејот каде постојат 7 подземни езера, 10 соби и 5 коридори-тунели во пештерата. Продолжуваме со прошетката покрај езерото со попатна посета на манастир Пресвета Богородица Мавриотица. Враќање за Македонија. Попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

цена: 6.990,00 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со туристички автобус
  • Сместување во хотел Egnatia 2* на база 2 ноќевања
  • организација и реализација  на програмата со лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аражманот не е вклучено:

  • патничко осигурување (задолжително)- 150 денари
  • Туристичка такса- 120 денари
  • Факултативна вечера во таверна
  • Факултативна посета на Островот Ниси (повратна карта за брод и влезница за Музејот на Али Паша)- 20 €
  • Факултативна посета на Пештера Перама и Музејот на восочни фигури (со вклучени влезници)- 20 €
  • Влезница за пештерата на Змејот- 5 €

 

ВИП ПАКЕТ (ги вклучува сите факултативи освен вечерата во таверна) – 35 €

 

  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди