ЛЕТО ВО АПУЛИА – ЈУЖНА ИТАЛИЈА

АПУЛИА- ЈУЖНА ИТАЛИЈА
ЛЕТО 2025 – ПОРТО ЦЕЗАРО
Автобус 10 дена / 7 ноќевања

Апулија – балконот на медитеранот, необична и живописна. Придружете ни се да ги посетиме јужните Италијански градови по петицата на Италија долж Јадранскиот Брег а воедно да ги истражиме и почувствуваме културното наследство, музиката, хедонизмот, позеијата и убавините на Јужна Италија. Места кои ќе ве остават без здив…

1 ДЕН- 25.06.2025  (СРЕДА) ШТИП- СКОПЈЕ- ИГУМЕНИЦА- БАРИ  
Поаѓање од Штип во 12 часот, паркинг пред Нова Пошта, од Скопје во 13:15 часот, пред хотел Континентал. Дневно и ноќно возење низ Грција. Пристигнување во Игуменица во вечерните часови. Ноќно пловење со брод за Бари, Италија.

2 ДЕН- 26.06.2025  (ЧЕТВРТОК) БАРИ- ПОЛИЊАНО А МАРЕ- ОСТУНИ- ПОРТО ЦЕЗАРО
Пристигнување во Бари во утринските часови. Патот продолжува кон туристичкото место Порто Цезаро со попатни паузи на Полињано а Маре и Остуни. Панорамско и пешачко разгледување на градот. Бари е главен град на Апулија, економски, културен, туристички и сообраќаен центар на брегот на Јадранското Море. Најпознато обележје на градот е црквата Св. Никола од 1087 година, светилиште каде се чуваат неговите мошти. Тука се молат и православните и католичките аџии, што му дава посебно значење. Во пешачката тура ќе ги погледнеме и Катедралата Св. Сабина, изградена во византиски стил, а се протегаат и остатоците од тврдината Кастело Свево. Омиленото шеталиште на сите туристи, Lungomare Imperatore- Augusto, Театро Петручели- четврт по големина театар во Италија, како и локалните жени кои ги прават традиционалните тестенини orrecchiette (мали уши). По прошетката низ Бари, патот продолжува до приморскиот град Полињано Маре, кој е прогласен за еден од петте омилени дестинации за одмор на Италијанците. Стар град на карпи, со мали плажи и неверојатни погледи, кој воедно е родното место на Доменико Модуњо, кој во 1958 година, победил на фестивалот Сан Ремо, со песната “Volare” и така станал бесмртен. На крај на денот, ве водиме во магичното место Остуни, живописен средновековен град, кој е познат како Белиот Град (La Citta Bianca), кој својот прекар го должи на својата бела архитектура. Разглед на историскиот центар: Базилика ди Санта Кроче, Пјаца Сант Оронзо со Колоната на Сант Оронзо, Пјаца дел Дуомо, катедрала Санта Марија Асунта. Пристигнување во Порто Цезаро. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН- 27.06.2025  (ПЕТОК) ПОРТО ЦЕЗАРО 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, одмор, плажа и релаксација. Ноќевање.

4 ДЕН- 28.06.2025  (САБОТА)  ПОРТО ЦЕЗАРО 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, одмор, плажа и релаксација. Ноќевање.

5 ДЕН- 29.06.2025  (НЕДЕЛА)  ПОРТО ЦЕЗАРО- МАТЕРА- АЛБЕРОБЕЛО- ПОРТО ЦЕЗАРО 
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет до Матера и Алберобело. Матера- Нереалната европска престолнина на културата за 2019 година. Видиковци, лавиринтски улици, мешавина од архитектонски стилови, пештери, природа, кањони, добра храна и алкохол… Матера е вистински (неоткриен) скапоцен камен на Италија. Различно од другите италијански градови, архитектурата на Матера повеќе потсетува на Блискиот Исток отколку на Европа. Стариот дел од градот наречен Саси е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО и бил населен уште од палеолитската ера. Од италијанскиот срам, каде што луѓето живееле во пештери без основни услови за живот и каде се раѓале разни болести, денес е една од туристичките добра на овој дел од Италија! Пештерите и музеите, хотелите, рестораните во пештерите сега се главните атракции, а прекрасните глетки пукаат на секој чекор! Тука се снимени и Бонд, Џејмс Бонд, “Нема време за умирање”. Зајдисонцата овде се нешто посебно, со Aperol Spritz во рака, особено пред катедралата со звуците на гитарата! Патот продолжува кон Алберобело, едно од најубавите и најпосебните места во Италија. Она што го прави ова место уникатно се куќите “трули” со конусни куполи. Трулите на Алберобело се на листата на светско наследство на УНЕСКО, кои датираат од 17 век, односно од 1644 година. Овие куќи без врзива, исклучиво од парчиња варовнички камења од околните ниви, со карактеристичен облик на конусни покриви покриени со варовнички плочи можеле лесно да се расклопат и преку ноќ да се содадат нови. Денес, Алберобело е туристичка мека и романтиката е присутна на секој чекор. Враќање во Порто Цезаро. Ноќевање.

6 ДЕН- 30.06.2025  (ПОНЕДЕЛНИК)  ПОРТО ЦЕЗАРО 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, одмор, плажа и релаксација. Ноќевање.

7 ДЕН- 01.07.2025  (ВТОРНИК)  ПОРТО ЦЕЗАРО- ОТРАНТО- ПЕСКОЛУЗЕ- ПОРТО ЦЕЗАРО      
Појадок. Можност за факултативен излет до Отранто. Отранто е градот “преку патот” од Валона, а оттаму започнува линијата на портата Отранто што го дели Јадранот од Јонското Море. По обиколката на прекрасниот центар на градот и брегот, следува пауза за кафе и сладолед и разглед на катедралата. Патот продолжува до одморалиштето Песколузе- најнеодоливиот дел на Апулија, наречен “Малдиви на Саленто” поради долгата 8 км плажа и тиркизната вода. Слободно време за капење. Враќање во хотелот. Ноќевање.

8 ДЕН- 02.07.2025  (СРЕДА)  ПОРТО ЦЕЗАРО 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, одмор, плажа и релаксација. Ноќевање.

9 ДЕН- 03.07.2025  (ЧЕТВРТОК)  ПОРТО ЦЕЗАРО- ЛЕЧЕ- БРЕНДИЗИ- ИГУМЕНИЦА 
Појадок. Одјавување од хотелот. Поаѓање кон Брендизи, со попатна пауза во Лече и посета на шопинг центар Colonne во Бриндизи. Лече, престолнина на барокот, кој поради богатата барокна архитектура го нарекуваат уште и “Барокна Фиренца”.  Има повеќе од 40 барокни цркви, а исто толку и палати, изградени помеѓу 17 и 18 век. Ноќно пловење со брод до Игуменица.

10 ДЕН- 04.07.2025  (ПЕТОК)  ИГУМЕНИЦА- СКОПЈЕ- ШТИП 
Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови. Продолжување кон Македонија. Дневно возење со попатни паузи и царинските формалности.

 

ПРОМО ЦЕНА:  645€ / 39.900,00 мкд
Промо цената важи за уплати од 30% до 29.03.2025

РЕДОВНА ЦЕНА:  745€ / 46.190,00 мкд

Во цената е вклучено:
–  Автобуски превоз на дадената релација
–  Превоз со брод на DECK: Игуменица- Бари- Бриндизи- Игуменица + бродска такса
– Сместување во хотел Riva Del Sole 4* на база 7 ноќевања со појадок  (со вклучени лежалки, чадор и клима, на 250 метри од плажа)
– Попатни посети на: Бари, Полињано а Маре, Остуни и Лече.
–  Организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Патничко осигурување- задолжително (околу 400 денари, во зависност од старосната граница)
– Туристичка такса- 2 евра по лице од ноќ (се плаќа на лице место во хотелот)
– Факултативен излет до Отранто и Пескулозе- 25 евра
– Факултативен излет до Матера и Арбелобело- 40 евра
– доплата за кабина Игуменица- Бари: 30 евра во 1/4, 45 евра во 1/3 и 55 евра во 1/2 кабина- по лице во 1 правец (плаќање при резервација)
– доплата за кабина Бриндизи- Игуменица: 50 евра во 1/2 кабина- по лице во 1 правец (плаќање при резервација)
– влезници за културно- историски споменици

 

НАПОМЕНИ:

  • Попуст од 20% за деца до 11,99 години
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
  • Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
  • Бројот на соби е ограничен.
  • Деновите за факултативни излети може да се сменат во зависност од временските услови.

 

 

Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди