Ноември во Малта
4 дена / 3 ноќевања
Сместена во срцето на Медитеранот, Малта е жив споменик што дише со историја и пулсира со енергијата на денешницата. Овие острови раскажуваат приказни стари повеќе од седум милениуми — од мистичните мегалитски храмови, преку времето на Свети Павле, до епската одбрана на Витезите на Св. Јован. Денес, таа длабока историја хармонично се спојува со живописниот модерен живот. Каде и да се завртите, ќе ве пречекаат пејзажи како од филм: златно-жолти карпи под синото небо, архитектура што плени и култура што се слави со секој здив. Малта не е само дестинација – таа е доживување што се памети.
07.11.2025 (Петок) СКОПЈЕ- МАЛТА
Состанок на групата на аеродром Скопје во 19:00 часот. Полетување за Малта во 21:05 часот. Слетувањето е во 22:55 часот (локално време). Организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
08.11.2025 (Сабота) ВАЛЕТА
Појадок. Целодневна факултативна посета на Валета, главниот град на Малта, опкружен со импресивни тврдини и ѕидини изградените од Витезите на Св. Јован во 16 век. Валета е културен и историски бисер, кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО и претставува административно и културно срце на Малта. Изобилува со историски споменици, музеи и палати кои ја откриваат богата историја и влијанието на витешкиот ред. Разгледот започнува од главната порта на градот, продолжува по главната улица до плоштадот на Републиката, каде што ќе слушнете приказни за богатото минато на градот и на целиот остров. Потоа, продолжуваме со прошетка низ сликовитите улици и посета на градините „Barracca“ од каде се открива величествен панорамски поглед кон Големиот Залив и кон историските Три Града – три старински населби кои се сметаат за колевка на малтешката поморска историја. Tрите Града, познати како Виториоза (Birgu), Сенглеа (Isla) и Коспикуа (Bormla), се сместени спроти Валета и претставуваат најстарите населби на островот. Тие го сочинуваат историскиот центар на малтешката одбрана и бродоградба, со тесни улички, стари цркви и тврдини кои сведочат за нивната долга историја. Патот продолжува кон величествената Катедрала Свети Јован, една од најзначајните архитектонски и уметнички знаменитости на Малта. Оваа катедрала, изградена во барокен стил, плени со својата богата и детална декорација, вклучувајќи и фасцинантни златни олтари и богато изработени тавани. Во нејзините ѕидини се чуваат светски познатите ремек-дела на уметникот Караваџо, вклучително и две од неговите најпознати слики, како и дела од Матија Прети. Катедралата служи и како мевзолеј каде се погребани големите мајстори на Малтешкиот витешки ред, што ја прави уште поважна од историско и духовно гледиште. Слободно време за ручек и индивидуални активности. Во попладневните часови, враќање во хотелот. Вечерта, прошетка низ Сент Џулијан, место познато по својот бурен ноќен живот, бројни барови, ресторани и диско-клубови. Идеално место за уживање во кафе и пијалок покрај морето. Ноќевање.
09.11.2025 (Недела ) ГОЗО
Појадок. Целодневна факултативна посета на островот Гозо, вториот по големина остров во архипелагот на Малта. Овој остров нуди богато културно и природно наследство, кое создава незаборавна атмосфера за сите посетители. Според митологијата, Гозо е островот каде нимфата Калипсо го држела Одисеј седум години (Calypso’s Island). Првата дестинација е Внатрешно Море – природна карпеста формација со импресивен пејзаж и кристално чисти води, место кое го одзема здивот на секој турист. Потоа, посета на Рамла Хамра, заливот каде што се наоѓа пештерата на Калипсо и познатите плажи со уникатен црвен песок. Панорамски разглед на главниот град Викторија (Рабат) и неговата одбранбена тврдина, која била изградена со цел заштита од пиратските напади. Посета на базиликата Та Пину, важен верски споменик, препознатлива по својата величествена градба и значењето во духовниот живот на локалното население. Старото градско јадро, цитаделата, ќе ве одведе на прошетка низ калдрмени улици, со погледи кои го опкружуваат градот и го одразуваат шармот на Гозо. Патот продолжува кон заливот Dwejra Bay, една од најимпресивните и најпосетувани атракции на островот Гозо. Овој простор се смета за природен музеј на отворено, каде се преплетуваат елементи од историјата, археологијата и геологијата. Меѓу најпознатите знаменитости што се наоѓаат тука се Внатрешното Море, карпата Габа, остатоците од Азурниот прозорец и старата караула Двејра, кои заедно создаваат уникатна и незаборавна туристичка дестинација. Посета на Фонтана, шармантно село каде традицијата живее низ рачните занати и старите обичаи. Ова место е познато по својата улога како центар за изработка на традиционални локални производи, како и по историските пракси на перење алишта во природни води, што го прави вистински културен бисер на островот. Слободно време за ручек во заливот Xlaendi, каде што може да се дегустираат јадења од малтешката кујна. Враќање во хотелот. Ноќевање.
10.11.2025 (Понеделник) МАЛТА ( МДИНА- РАБАТ -МОСТА- МАРСАШЛОК )
Појадок. Одјавување од хотелот. Задолжителна целодневна посета на некои од најзначајните и најубави места на Малта. Првата дестинација е Мдина, некогашната престолнина на Малта – град со посебна атмосфера, познат како „Градот на тишината“. Опкружен со масивни ѕидини, овој древен град плени со својата мистичност и мир. Прошетка низ калдрмисани улички, величествени палати и места од каде се пружаат панорамски погледи што ќе ве остават без здив. Потоа се упатуваме кон Рабат, мирно гратче со богата духовна и културна историја. Ќе имате можност да прошетате низ неговите мирни улици и да го доживеете животот надвор од туристичките гужви. Следува посета на Моста, каде се наоѓа и величествената Ротонда – Базиликата на Успението на Света Марија. Оваа елегантна градба со купола инспирирана од римскиот Пантеон доминира со надворешната висина од околу 61 м, што ја прави трета најголема некатедрална купола во светот. За време на германски воздушен напад на 9 април 1942 година, тешка бомба пробила низ куполата и паднала во црквата додека околу 300 верници чекале да започне месата. Бомбата не експлодирала– настан што локалното население го толкува како чудо, бидејќи никој не бил повреден. Денес, во Базиликата е изложена реплика на бомбата, со која се одбележува чудото и храброста на Малтежаните. Потоа, се упатуваме кон прекрасните градини Св. Антони, мирна оаза полна со медитеранска вегетација. Градините се дел од комплексот каде се наоѓа и Претседателската палата, и претставуваат идеално место за релаксација меѓу историјата и природата. Потоа продолжуваме кон живописниот Марсашлок, прекрасно рибарско село на малтешкиот брег, познато по своето пристаниште исполнето со традиционални рибарски чамци „luzzu“. Овој регион од Малта претставува автентично место каде може да се доживее поморскиот начин на живот и културното наследство. Слободно време за ручек во некоја од локалните таверни покрај морето. Во 20:30 часот (локално време) организиран трансфер до аеродром, полетување во 23:30 часот.
11.11.2025 (Вторник) СКОПЈЕ.
Слетување во Скопје во 01:15 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379€ / 23.500,00 денари
* Местата по дадената цена се ограничени
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски билет Скопје – Малта – Скопје со авикомпанија Wizz Air
- Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
- Аеродромски такси
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
- Организација на аранжманот со туристички придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за чекиран багаж, инфо за цена во агенција на 10 дена пред патувањето
- Можност за Трансфер Штип– Aеродром – Штип (доплата 10 евра)
- Туристичка такса- 2 евра по лице од ноќ (се плаќа во агенција)
- ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА- МАЛТА (МДИНА- РАБАТ- МОСТА- МАРСАШЛОК) со локален водич и трансфер- 60 евра (минимум 15 патника)
- Факултативна посета на ВАЛЕТА со локален водич и трансфер– 40 евра (минимум 15 патника)
- Факултативна посета на ГОЗО со локален водич, трансфер и фери– 65 евра (минимум 15 патника)
- Влезници за културно- историски споменици
- Патничко осигурување- 200 денари (задолжително)
НАПОМЕНИ:
- Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
- Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. При резервација задолжително е пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За реализација на аранжманот се потребени минимум од 20 патници!
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ