ВРЊАЧКА БАЊА
Манастир ЖИЧА и НИШ
3 дена/ 2 ноќевања / автобус
1 ден 29.03.2025 (сабота) ШТИП – СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА
Поаѓање во 05.00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта 06.00 од Скопје пред хотел Континентал. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања во пред пладневните часови. Пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот сместување во хотел Zepter 4*, слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА и Wellnes центарот на хотелот. Ноќевање.
2 ден 30.03.2025 (сабота) ВРЊАЧКА БАЊА – манастир ЖИЧА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13 век, познат по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Св. Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на на СПА и Wellnes центарот. Ноќевање.
3 ден 31.03.2025 (недела) ВРЊАЧКА БАЊА – НИШ – СКОПЈЕ – ШТИП
Појадок. Одјавуање од хотел. Поаѓање кон Ниш. Пристигнување во Ниш, вториот по големина град во Србија. Ораганизрана прошетка низ центарот на градот со можност за посета на шопинг центарот Делта . Поаѓање за Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Штип во вечерните часови.
ЦЕНА: 149 евра / 9.240,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на наведената релација
– Сместување во хотел Zepter 4* – 2 ноќевањa со поjaдок
– Организирана прошетка и разглед низ Ниш
– Користење на Велнес и Спа центар на хотелот
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Свечена вечера во ресторан
– Факултативна посета на манастир Жича – 15 евра
– Задолжително патничко и здравствено осигурвање 150 денари
Општи напомени :
- Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
Рок на пријавување до 17.03.2025
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ