САРАЕВО И МОСТАР ЗА 8МИ ДЕКЕМВРИ
ТЕРМИН: 05.12.-07.12.2026
Дали знаете дека Сараево е во топ 5 градови во светот за посета во 2026?
Мешавина од култури и религии, спој од минатото и сегашност е тоа што го прави Сараево посебен.На оваа програма ќе ги видите најбитните места што треба да се посетат во Босна и Херцеговина, во продолжение програмата…
РЕДОВНА ЦЕНА: 139 € / 8.620 мкд
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.11: 109 € / 6.760 мкд
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз (Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово)
– 2 ноќевања со појадок во Хотел со 3* во Сараево;
– Разглед на Сараево со водич;
– Посета на Андриќград и Вишеград
– Туристички придружник за време на целото патување
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Пакет Неретва (Бункерот на Тито, Коњиц, Јабланица и Мостар ) – 70 евра , *влезницата за Букнерот на Тито се доплаќа на лице место-21евро. (се плаќа во автобус)
– Посета на Босански пирамиди- 25 евра (се плаќа во автобус);
– Tуристичка такса- 5 евра за 2 ноќевања по лице (се плаќа во автобус)
– Крстарење по Дрина- 10 евра од лице
– Доплата за еднокреветна соба 50 евра за двете ноќев
ПРВ ДЕН – 04.12.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – САРАЕВО
Состанок на групата во 21:30час. пред хотел Русија. Поаѓање за сараево во 22:00час. Ноќно возење преку Србија.
ВТОР ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) САРАЕВО
Пристигнување во Сараево каде следува разглед на градот со локален водич.
Сараево е поделен на 3 дела, Отомански дел каде се наоѓа Башчаршија, Австро-Унгарски дел каде се спојуваат културите и доминираат австро-унгартските градби и Југословенски дел.Кога ќе шетате ќе се почувствувате како да влегувате од град во град.
Разгледот ни започнува кај Vjecnica, најрепрезентативната зграда во Сараево која се наоѓа покрај реката ,,Miljacka’’. Продолжуваме кон Башчаршија, симболот на градот каде ќе имате можност да ги вкусите Сараевските ,,Cevapi kaj Zeljo’’ и Сараевскиот бурек. Ќе ја видите Џамијата Гази Хусреб Бег или позната како Беговата Џамија која е прва џамија во светот во која се изработени електрични инсталации како и внатрешно електрично осветлување. Сместена во срцето на Башчаршија, Беговата џамија е мета на многубројните туристи од цел свет. Оваа џамија заедно со саат-кулата е застапена во многу филмови, пред сè во филмови од документарен карактер а најпознатиот филм е Валтер го брани Сараево, ќе дојдете до точката каде се спојуваат културите на истокот и западот, местото каде е формирана EX YU групата INDEXI ќе го видите хотел Eвропа кој е најстариот хотел во Сараево каде престојувал Тито и ,,Vjecna Vatra’’. Вечниот оган е споменик на воените и цивилните жртви од Втората светска војна во Сараево. Споменикот е изграден на 6 април 1946 година, на првата годишнина од ослободувањето на Сараево од германската окупација. За време на опсадата на Сараево пламенот на споменикот бил изгаснат бидејќи во градот немало гориво. На крај на разгледот ќе го видите местото каде е убиен Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип на 28 јуни 1914 година и со ова убиство започнува почетокот на Првата Светска војна и Латински мост кoј е еден од најстарите мостови во главниот град. По разгледот следува слободно време за индивидуален разглед. Препорачуваме да ја посетите најстарата пивница во градот ,,PIVNICA HS’’ која е од 1864 година. Сместување во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА) БУНКЕРОТ НА ТИТО, КОЊИЦ, ЈАБЛАНИЦА (БИТКА НА НЕРЕТВА) ИЗВОРОТ И МОСТАР
Појадок во хотел. Бидете спремни за еден долг и прекрасен ден 😊 Денот ни започнува со посета на Бункерот на Тито. Бункерот, со површина од 6.500 метри квадратни, се состои од над 100 мали простории, канцеларии, конференциски сали, опремени со едноставен мебел и задолжителен портрет на Тито. Јосип Броз Тито започнал со изградба на овој бункер во раните 50-ти години во близина на Босанскиот град Коњиц. Неговата цел била да ја прими владеачката класа во случај на нуклеарен напад. Објектот е наречен Д-О „АРЦ“. Изграден е под превезот на тајност од 1953 до 1979 година за време на Студената војна. Завршен е една година пред смртта на Тито. Бункерот со длабочина од 270 метри е опремен со најмодерна технологија од минатиот век. Машина за пишување, фиксни и други средства за комуникација.По разгледот на Бункерот на Тито следува кафе-пауза во Коњиц. Град на мостови и природа, каде Неретва ги спојува традицијата, авантурата и убавината на Херцеговина. Крива чуприја, со својата едноставна но величествена убавина, гордо стои како симбол на трајност и мајсторство.Секој чекор низ Коњиц носи мирис на дрво, звук на вода и топлина на луѓе кои ја чуваат својата душа во каменот и мостовите. По посетата на Коњиц,
групата ќе има можност да го посети местото Јабланица каде била битката на Неретва.
Битката на реката Неретва била една од најепските битки за време на Втората светска војна во Југославија. Во доцната 1942 година, германското високо командување било загрижено поради можноста за слетување на Сојузничките сили на Балканот. Затоа, Адолф Хитлер наредил офанзива со цел нарушување на централното командување на партизанското движење во централна БиХ. Пресвртницата на битката се случила кога силите на партизаните го уништиле добро обезбедениот мост над реката Неретва за да го забават напредувањето на германската армија,
Oваа битка е “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Битката била овековечена во 1960-те со снимањето на филмот „Битката на Неретва“ во кој, меѓу другите холивудски актери, главните улоги ги толкуваат Јул Бринер и Орсон Велс. Постерот за филмот бесплатно го изработил Пикасо. Ќе имате можност да го видите срушениот мост и возот каде имало пруга. Попатно како ќе се движите према Херцеговина ќе ги видите најубавите клисури низ овој дел, дефинитивно ќе уживате во погледот и ќе ја гледате реката Неретва.
Денот го завршуваме со посета на Мостар еден од најубавите градови во Босна и Херцеговина, кој името го добил по чуварите на мостовите на реката Неретва (мостари) на чиј брег е послан градот. Прошетка до Стариот мост ( кој заедно со стариот дел на градот во 2005 е ставен на листата на УНЕСКО), кулата Келебија, Саат кула, Крива Чуприја (еден од најстарите споменици кои датираат од османлискиот период), старата Мостарска чаршија која се наоѓа на левиот брег на реката Неретва…
Мостар никој не го остава рамнодушен, еднаш штом ќе го посетите никогаш нема да сакате да го напуштите.
Во Мостар ќе имате можност да се возите со глисери, се поминува низ стариот мост, крстарењето трае кратко но е доста атрактивно. Од другата страна на мостот има населба со колоритни згради. Овде дефинитивно ќе ги направите најубавите фотографии.
По завршивање на разгледот слободно време и можност за ручек или кафе во автентичен стил во старата чаршија со поглед према “Стариот мост” кој претставува симбол на градот Мостар, но и на Босна и Херцеговина. Враќање во хотел. Посета на паб доколку има интерес од страна на групата. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) БОСАНКИ ПИРАМИДИ – ВИШЕГРАД – АДРИЌГРАД – СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Посета на Босанските пирамиди. Ќе го посетите тунел Равне. Непосредно под долината на пирамидите се наоѓа праисториски подземен лавиринт од 1,7 км должина. Ве водиме низ лавиринтот чии тунели се остветлени, за да ја откриете лековитата моќ таму. Се верува дека високата концетрација на јони го чисти вашето тело. Посетата на тунелот позитвно влијае на вас,посебно доколку имате проблеми со кашлица или синуси.
Циркулацијата на воздухот е извонредна и се постигнува со различните висини на таванот што предизвикува различен воздушен потисок и природна вентилација. По посетата на Босанските пирамиди заминување кон Вишеград, едно мало градче во Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на сливот на реките Рзав и Дрина. Место каде две култури, два света се спојуваат преку надалеку познатиот Мостот на Дрина, претставен пред светот од Иво Андриќ. Во Вишеград ќе имаме можност да го посетите и Андриќград кој е познат како и Каменград а инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка или Крстарење по Дрина. Заминување кон Македонија. Пристигнување после полноќ во Скопје 08.12.26