Будимпешта и Виена за 8 Декември

БУДИМПЕШТА И ВИЕНА – ДВЕ ГРАДСКИ ПРИКАЗНИ ВО ДЕКЕМВРИ ✨

b9cbfd4b179da1728a89c7fa0e7d0a8b

БУДИМПЕШТА – градот што блеска покрај Дунав

Во декември Будимпешта добива посебна магија. ✨ Осветлените улици, украсените плоштади и празничните базари  го претвораат градот во вистинска зимска бајка.

Прошетајте покрај величествениот Дунав, уживајте во погледот кон осветлениот Парламент, откријте ги шармантните улички на Будим и почувствувајте ја празничната атмосфера на еден од најубавите европски градови.

Топлите светилки, мирисот на цимет и традиционалните празнични вкусови создаваат атмосфера во која секој момент изгледа како сцена од божиќна приказна. 🎄❤️

ВИЕНА – елеганција, традиција и божиќна магија

Виена во декември е град од разгледница. ✨ Импозантни палати, раскошни згради, украсени улици и прекрасни божиќни базари ја исполнуваат австриската престолнина со посебен шарм.

Прошетајте низ историскиот центар, восхитувајте се на величествениот дворец Шенбрун, уживајте во празничната атмосфера на плоштадите и дозволете му на градот да ве освои со својата елеганција и традиција.

А кога ќе падне вечерта, илјадниците светилки ја претвораат Виена во вистинска зимска бајка. 🎄✨

❤️ Две престолнини. Две различни приказни. Една незаборавна декемвриска авантура.

Будимпешта и Виена ве очекуваат со светилки, празнични базари, прекрасна архитектура и атмосфера што се памети долго по враќањето дома. ✨

Цена 165 EUR

ПРВ ДЕН 04.12.2026 – ПЕТОК

Состанок со групата во Скопјe во попладневните часови.
Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за
одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН 05.12.2026 – САБОТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови.
Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав.
Сместување во хотел.
Слободно време.
Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 06.12.2026 – НЕДЕЛА

Појадок.
По појадокот слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена .
Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург.
Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена.
Во договорено време враќање кон Будимпешта.
Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 07.12.2026 – ПОНЕДЕЛНИК

Појадок.
После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон прекрасното градче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви.
Следува разглед на градчето заедно со претставникот од агенцијата…
Слободно време за индивидуални прошетки и кафе .
Во договорено време враќање назад во Будимпешта каде што следува крстарење со брод по Дунав (факултативно).
По договор со претставникот, поаѓање за Скопје.
Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ПЕТТИ ДЕН 08.12.2026

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

Што е вклучено во цената

–  Превоз со туристички автобус на дадените дестинации
–  Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок
–  Туристички придружник од агенцијата
–  Организација и реализација на аранжманот

Што не е вклучено во цената

– Факултативи
– Влезници за музеи и културно – историски споменици
– Патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 75 еур.
– Туристичка такса 2,5 еур по лице на ноќ ( се плаќа на рецепција )
– Трансфер по градови-Штип,Велес,Неготино,Гевгелија,Прилеп,Битола-10 евра во правец по лице

Факултативни излети

Разглед на Будимпешта (локален водич – задолжителна факултатива)

Цена за пакет: 15 €

 

Крстарење со брод по Дунав ( крстарење + чаша шампањ )

Цена за пакет: 25 €

 

Посета на Сент Андреа

Цена за пакет: 20 €

Посета на Виена (минимум 30 патника за реализација на факултативата)

Цена за пакет: 40 €

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди