ПАРИЗ за 23ти Октомври
Париз – “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен…
22.Октомври (среда) СКОПЈЕ – ПАРИЗ (Панорамски разглед)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:25 часот. Полетување за Париз во 09:25ч број на лет EJU 4910. Пристигнување во Париз на аеродромот “Orly” во 12:20 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња… Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.
23. Октомври (четврток) ПАРИЗ (Лувр, Нотр Дам, Монмартр, Пигал…)
Појадок.Mожност за факултативна посета на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”… како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен… (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети во центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинскиот кварт, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прекрасен поглед на Париз. Вечерта можност за прошетка до квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Прошетката продолжува до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд… Враќање во хотел. Ноќевање.
24. Октомври (петок) ПАРИЗ – Версај / Ајфелова Кула / Крстарење по Сена
Појадок.Полудневен факултативен излет со јавен превоз во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви… Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год; кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата… посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
25. Октомври (сабота) ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Рано наутро одјавување. Трансфер до аеродромот “Orly” во 03:00ч. Лет за Скопје во 06:15ч број на лет EJU 4909. Пристигнување во Скопје во 08:55ч.
Цена на аранжманот во претпродажба: 439€ / 27.218мкд (вклучен разглед)
Цена на аранжман: 489€ / 30.318мкд (вклучен разглед)
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Париз – Скопје (со Easy Jet)
– Аеродромски такси
– Рачна торба 40*30*20cm до 10кг
– Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел Campanile Paris Est Pantin 3* на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран панорамски разглед на Париз со локален водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса за сместување 5,2€ по лице од ноќ, се плаќа на рецепција
– Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (19€-29€)
– Kрстарење по Сена, билет (од 20€-25€)
– Посета на Лувр, со јавен превоз, резервација и влезница: (25€) *уплата при продажба
– Посета на Версај, со јавен превоз, резервација, водич и влезница: (65€) *уплата при продажба
– Превоз со метро
– Патничко здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба (120€)
НАПОМЕНИ:
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
– Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ