ОКТОМВРИ ВО ПРАГА
4 дена / 3 ноќевањa
Термин: 23.10– 26.10.2026
Во срцето на Европа се издига Прага- град како од бајка, каде историјата, романтиката и архитектонската убавина создаваат незаборавно доживување. Позната како „Градот на стоте кули“, чешката престолнина плени со својот шарм и безвременска елеганција. Од величествениот Карлов мост и Прашкиот замок до живописниот Стар град и прочуениот Астрономски часовник, секој агол раскажува приказна стара со векови. Калдрмисаните улици, панорамските погледи кон реката Влтава и богатата гастрономска понуда ја прават Прага една од најпосакуваните европски дестинации. Без разлика дали ќе уживате во нејзината култура, историја или романтична атмосфера, Прага ќе ве освои со својот неповторлив шарм. Прага не е само град што се посетува – тоа е приказна што се доживува.
23.10.2026 (Петок) СКОПЈЕ-ПРАГА
Состанок на групата на аеродром Скопје во 08:00 часот. Полетување за Прага во 10:40 часот со авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Прага во 12:55 часот (локално време). Организиран трансфер до хотелот. Сместување во предвидено време за пријавување во хотел. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Можност за посета на традиционална чешка пивница, уживање со светски познатото чешко пиво и богатата гастрономска понуда на Прага, како Svíčková, Vepřo knedlo zelo и традиционалниот чешки гулаш, како и препознатливите слатки деликатеси Trdelník, Medovník и Koláče, кои на совршен начин ја доловуваат традицијата и вкусот на чешката кујна.. Ноќевање.
24.10.2026 (Сабота) ПРАГА
Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич (јавен превоз): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник – Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Враќање во хотелот. Ноќевање.
25.10.2026 (Недела) ПРАГА- КАРЛОВИ ВАРИ-ПРАГА
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или целодневен факултативен излет до Карлови Вари– најпознат бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от век. Можност за посета на еден од 12-те извори… прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите локални производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Во попладневните часови, враќање во Прага. Ноќевање.
26.10.2026 (Понеделник) ПРАГА
Појадок. Одјавување од хотелот. Слободно време за прошетка и индивидуални активности до предвиденото време за трансфер. Можност за посета на шопинг центарот Westfield Chodov – еден од најголемите трговски центри во Прага. Трансфер до аеродромот во Прага во 17:00 часот. Лет за Скопје во 21:20 часот. Пристигнување во 23:20 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 385€ / 23.870,00 денари
* Местата по дадената цена се ограничени
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски билет Скопје – Прага – Скопје со авикомпанија Wizz Air
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* Прага
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
- Организиран разглед на Прага (локален водич+ еднодневен билет за јавен превоз)
- Организација на аранжманот со туристички придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- ЦЕЛОДНЕВЕН РАЗГЛЕД НА КАРЛОВИ ВАРИ (превоз и локален водич) – 70 евра (минимум 20 патници) *резервација и плаќање во агенција
- Туристичка такса- 2,5 евра по лице од ноќ (се плаќа во агенција)
- Можност за Трансфер Штип– Aеродром – Штип (доплата 10 евра)
- Доплата за чекиран багаж, инфо за цена во агенција на 10 дена пред патувањето
- Влезници за културно- историски споменици
- Билети за јавен превоз
- Патничко осигурување- 200 денари (задолжително) *За лица на возраст до 62 години
НАПОМЕНИ:
- Дадената цена е по лице за сместување во двокреветни соби.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
- Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. При резервација задолжително е пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
- Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
- ЕЕС СИСТЕМ- Од 12 октомври 2025 година, на граничните премини на Европа започна со работа Системот за влез/излез (EES). Системот за влез/излез (EES) се применува и при пристигнување и при заминување од Шенген-зоната. Овој автоматизиран систем е дизајниран за евиденција на државјани на трети земји кои патуваат за краток престој (максимум 90 дена во рамките на кој било период од 180 дена). При преминување на границата, патниците ќе треба да:
- Го покажат својот патен документ
- Извршат еднократна биометриска регистрација (вклучувајќи четири отпечатоци од прсти и фотографија од лицето)
Ве молиме имајте предвид дека државјаните на ЕУ, жителите на ЕУ, како и носителите на долгорочна виза на ЕУ се ослободени од регистрација во овој систем.
Процесот на регистрација може да одземе дополнително време при пасошката контрола. Затоа, ви препорачуваме да пристигнете на аеродромот навреме, за да имате доволно време за пријавување, безбедносни проверки и гранични постапки. Непридржувањето кон ова може да резултира со пропуштање на летот.
За реализација на аранжманот се потребени минимум од 25 патници!
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ