11 ОКТОМВРИ ВО БАНСКО

БАНСКО- БЛАГОЕВГРАД

3 дена/ 2 ноќи

1 ден  10.10.2025 (петок) Скопје / Штип –  Банско

Поаѓање за Банско во 06:00 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во 07:00 од Штип, паркингот пред Новата пошта. Дневно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Банско во пладневните часови. Сместување во хотел Casa Karina 4*. Слободно време за уживање во СПА центарот или индивидуална прошетка низ градот. Вечера. Ноќевање.

2 ден 11.10.2025 (сабота)  Банско

Појадок. Слободен ден, предвиден за одмор, рекреација, користење на СПА Центар и содржините кои ги нуди хотелот. Вечера. Ноќевање.

3 ден 12.10.2025 (недела)  Банско –Штип/ Скопје

Појадок. Одјавување од хотелот. Враќање за Македонија. Попатна прошетка и разглед на  Благоевград и посета на Метро. Пристигнување во Штип/ Скопје во вечерните часови.

 

Цена: 139 €/ 8.618,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок и вечера во хотел Casa Karina 4*
  • Прошетка низ Благоевград
  • Посета на МЕТРО
  • Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Туристичка такса – 1,50 евро по лице од ден ( задолжителна доплата во агенција)
  • патничко осигурување– 150 денари (задолжително)
  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди