ТЕМИШВАР И АРАД
3 дена/ 2 ноќи / автобус
1 ден 09.10.2025 (Четврток) Штип / Скопје – Темишвар
Поаѓање во 20.00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 21.30 часот од Скопје пред хотел Континентал. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 10.10.2025 (петок) Темишвар
Пристигнување во Темишвар, град кој често го нарекуваат „Мала Виена“ поради неговата архитектура и атмосфера кој потсетува на стариот дел од Виена, резултат од долготрајната Хабзбуршка управа. Во поновата историја, Темишвар е познат како местото каде што на 16 декември 1989 година почнале протестите кои довеле до Револуција и пад на комунистичкиот режим на Николае Чаушеску. Под мотото „Нека блесне вашата светлина“, градот бил прогласен за Европска престолнина на културата. Организиран разглед на градот со локален водич: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим. Посета на Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас. Сместување во хотел во центарот на градот. Слободно време за користење на Спа центарот во хотелот. Ноќевање.
3 ден 11.10.2025 (Сабота) Темишвар –Арад- Темишвар
Појадок. Можност за факултативна посета на градот Арад, културно и архитектонски значаен град во регионот Кришана, познат по своето историско наследство, монументални градби и мешавина од австроунгарски, романски и сецесионистички стилови. Разглед на градот со локален водич. Најпрво ќе ја посетиме Палатата на културата, една од најпрепознатливите згради во градот, изградена на почетокот на 20тиот ве, а денес, Дом на Филхармонијата и Музеј на Арад. Низ фасадата и концертната сала, палатата ја отсликува културната амбиција на градот. Потоа продолжуваме кон Градското собрание, импозантна градба од крајот на 19тиот век во неоренесансен стил, со висока кула и часовник кој е симбол на урбаниот идентитет на Арад. Во непосредна близина се наоѓа Палатата Неуман, палата на богата индустриска фамилија, чија архитектура сведочи за економскиот просперитет на градот во тоа време. Разгледот продолжува со римокатоличката црква „Св. Антун Падовански“ (Minoritenkirche), монументална верска градба со купола инспирирана од римските базилики и богато украсена внатрешност. Посета на Државниот театар „Јоан Славичи“, изграден во неокласичен стил со коринтски столбови и театрална елеганција, и прошетка низ Плоштадот Аврам Јанку, значајно градско средиште опкружено со архитектонски бисери и споменици. Патот води до Катедралата Рождество на Св. Јован Крстител, една од највпечатливите православни цркви во градот, со две високи кули, декоративен ентериер и духовна симболика. Нашата прошетка завршува со посета на Палатата Фелдеш Келемен, еден од најубавите примери на сецесионистичка архитектура во Арад, со декоративна фасада, елементи од арт нуво и историска атмосфера што совршено ја заокружува оваа урбана културна авантура. Враќање во Темишвар. Можност за посета на Шопинг центар или слободно време за користење на Спа центарот во хотелот. Ноќевање.
4 ден 12.10.2025 (недела) Темишвар – Скопје/ Штип
Појадок. Напуштање на хотелот. Можност за факултативна посета на Аквапаркот Amazonia (4 часа). Поаѓање за Македонија во попладневинте часови. Пристигнување во Скопје /Штип во доцните вечерни часови.
Цена: 159€/ 9.858,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз со туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел Темишвар 4* во ценарот на Темишвар https://hoteltimisoara.ro/
- Користење на СПА центар (внатрешен базен со 2 тематски тушеви, сауна, турска сауна и релакс зона)
- разглед на Темишвар со локален водич
- Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- патничко осигурување- 150 денари ( задолжително)
- туристичка такса – 3 евра ( се плаќа во автобус)
- Факултативен разглед на Арад со локален водич+ превоз- 25 евра (минимум 30 патници за реализација)
- влезници за културно-историски споменици
- Влезница за Аквапарк AmazoniaОпшти напомени :
- ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
За реализација на аранжманот се потребени е минимум од 40 патници за автобус!
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ