8 ДЕКЕМВРИ ВО ТЕМИШВАР И АРАД

8 ДЕКЕМВРИ ВО ТЕМИШВАР И АРАД

 

 

1 ден 05.12.2025 (петок) Штип / Скопје/ Куманово – Темишвар

Поаѓање во 21.00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 22.15 часот од Скопје пред хотел Континентал, во 23.00 часот од Куманово пред Макпетрол бензинска. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 06.12.2025 (сабота)  Темишвар

Пристигнување во Темишвар, град кој често го нарекуваат „Мала Виена“ поради неговата архитектура и атмосфера кој потсетува на стариот дел од Виена, резултат од долготрајната Хабзбуршка управа. Во поновата историја, Темишвар е познат како местото каде што на 16 декември 1989 година почнале протестите кои довеле до Револуција и пад на комунистичкиот режим на Николае Чаушеску. Под мотото „Нека блесне вашата светлина“, градот бил прогласен за Европска престолнина на културата. Организиран разглед на градот со локален водич: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим. Посета на Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас. Сместување во хотел во центарот на градот. Слободно време за користење на Спа центарот во хотелот. Во вечерните часови, доживејте ја магијата на празниците на еден од најубавите божиќни маркети во Романија! Центарот на Темишвар се претвора во вистинска зимска бајка, исполнета со светлечки украси, традиционални дрвени куќарки, вкусна храна и топли пијалоци. Уживајте во празничната атмосфера, рачно изработените сувенири, музички настапи и зимски активности кои ќе ве потсетат на детската радост на Божиќ. Ноќевање.

3 ден 07.12.2025 (недела )  Темишвар –Арад- Темишвар-Штип –Скопје

Појадок. Можност за факултативна посета на градот Арад, културно и архитектонски значаен град во регионот Кришана, познат по своето историско наследство, монументални градби и мешавина од австроунгарски, романски и сецесионистички стилови. Разглед на градот со локален водич. Најпрво ќе ја посетиме Палатата на културата, една од најпрепознатливите згради во градот, изградена на почетокот на 20тиот ве, а денес, Дом на Филхармонијата и Музеј на Арад. Низ фасадата и концертната сала, палатата ја отсликува културната амбиција на градот. Потоа продолжуваме кон Градското собрание, импозантна градба од крајот на 19тиот век во неоренесансен стил, со висока кула и часовник кој е симбол на урбаниот идентитет на Арад. Во непосредна близина се наоѓа Палатата Неуман, палата на богата индустриска фамилија, чија архитектура сведочи за економскиот просперитет на градот во тоа време. Разгледот продолжува со римокатоличката црква „Св. Антун Падовански“ (Minoritenkirche), монументална верска градба со купола инспирирана од римските базилики и богато украсена внатрешност. Посета на Државниот театар „Јоан Славичи“, изграден во неокласичен стил со коринтски столбови и театрална елеганција, и прошетка низ Плоштадот Аврам Јанку, значајно градско средиште опкружено со архитектонски бисери и споменици. Патот води до Катедралата Рождество на Св. Јован Крстител, една од највпечатливите православни цркви во градот, со две високи кули, декоративен ентериер и духовна симболика. Нашата прошетка завршува со посета на Палатата Фелдеш Келемен, еден од најубавите примери на сецесионистичка архитектура во Арад, со декоративна фасада, елементи од арт нуво и историска атмосфера што совршено ја заокружува оваа урбана културна авантура. Враќање во Темишвар. Посета на Шопинг центар Iulius Town“ (https://iuliustown.ro) кој претставува најголем деловен, малопродажен и забавен центар во целиот регион.  Во вечерните часови околу 18 00h поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

4 ден 08.12.2025 (понеделник )  Темишвар – Куманово/ Скопје/ Штип

Пристигнување во раните утрински часови во Македонија .

 

                         Цена: 115/7.130,ооденари                  

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со туристички  автобус
  • 1 ноќевања со појадок  во  хотел Темишвар 4* во ценарот на Темишвар https://hoteltimisoara.ro/
  • Користење на СПА центар (внатрешен базен со 2 тематски тушеви, сауна, турска сауна и релакс зона)
  • разглед на Темишвар со локален водич
  • посета на божиќниот маркет во Темишвар
  • Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • патничко осигурување- 150 денари ( задолжително)
  • туристичка такса – 3 евра ( се плаќа во автобус)
  • Факултативен разглед на Арад со локален водич+ превоз- 25 евра (минимум 30 патници за реализација)
  • влезници за културно-историски споменици

 

 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

 

За реализација на аранжманот се потребени  е минимум од 40 патници за автобус!

        Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди