8 Март во Истанбул (2 ноќи)
Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него
ПРВ ДЕН (06.03.2025) Четврток
Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција.
ВТОР ДЕН (07.03.2024) Петок
Пристигнување на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Check in во хотелот е после 14:00 часот. По самото пристигнување групата заедно со туристичкиот придружник се уплатуваат на пешачка тура, која вклучува посета на Капали Чаршија, Аја Софија и Сината Џамија. (влегувањето во џамиите е индивидуално).
Посета на Балат една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички. Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки. Враќање кон хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (08.03.2025) Сабота
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија која започнува со крстарење по Босфор со времетраење од 90 минути, незаборавно дружење и доживување на еден поинаков Истанбул, можност да се видат сите луксузни вили од играните серии кои вредат милиони и сите знаменитости.
Посета на Бејлербеј. Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали. Продолжуваме кон палатата Ќучуксу летна палата во Истанбул, која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов. Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година, се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палататите кои се со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.
Излетот продолжува кон Кадиќој една од најпознатите области во Истанбул. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море. Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот. Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници. Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе. Денот го завршуваме со посета на една од најголемите и најубавите џамии во Истанбул Чамлиџа. Пауза за уживање и фотографирање. Враќање кон хотел. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН(09.03.2025) Недела
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави, чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.
Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија.
Што е вклучено во цената
- Две ноќевања и појадок во хотел со 3*
- Автобуски превоз
- Туристичка такса
- Лиценциран туристички придружник
- Посета на Капали Чаршија
- Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “
- Посета на аутлет трговски центар ,, 212 “
Што не е вклучено во цената
- Индивидуални трошоци
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
Факултативни екскурзии
- Балат и Галата Порт 25€
- Крстарење по Босфор, Бејлербеи, палатата Ќучуксу, Кадиќој и Чамлиџа. 85€
- ВИП пакет 100€
Забелешка
- Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
- За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот.
- СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР од 20 кг И РАЧЕН БАГАЖ.
- Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
- Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
- Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
- Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
- Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција