ТЕМИШВАР
2 дена/ 1 ноќ / автобус
1 ден 07.03.2025 (петок) Штип / Скопје – Т емишвар
Поаѓање во 20.00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 21.30 часот од Скопје пред хотел Континентал. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 08.03.2025 (сабота) Темишвар
Пристигнување во Темишвар, градот кој го нарекуваат „Мала Виена“ токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт и целата архитектура и амбиентот потсетуваат на стариот дел на Виена. Во поновата историја пак градот е познат и по тоа што токму тука на 16. декември 1989 година започнале протестите кои и претходеле на Револуцијата, а подоцна и на падот на режимот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску. Под мотото ,,Нека блесне вашата светлина “Темишвар е прогласен за европски град на културата. Организиран разглед на градот со локален водич: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим. Посета на Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден 09.03.2025 (недела) Темишвар – Скопје/ Штип
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на Шопинг центар, поаѓање за Македонија во попладневинте часови. Пристигнување во Скопје /Штип во доцните вечерни часови.
Цена: 112€/ 6.950,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз со туристички автобус
- 1 ноќевања со појадок во хотел 3* во Темишвар
- разглед на Темишвар со локален водич
- Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружнк
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- патничко осигурување-150 денари ( задолжително)
- влезници за културно-историски споменици
Општи напомени :
- ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
Рок на пријавување до 20.02.2024
За реализација на аранжманот се потребени е минимум од 45 патници за автобус!
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ