КОПАОНИК- НИШ
2 дена/ 1 ноќ / автобус
1 ден 15.03.2025 ( сабота ) Штип / Скопје – Копаоник
Поаѓање во 04.30 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 05.15 часот од Скопје, пред хотел Континентал. Дневно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Копаоник- најголем скијачки центар во Србија и еден од најубавите центри во овој дел на Европа. Слободно време за прошетка и разглед . Поаѓање кон Брзаче. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден 16.03.2025 ( недела ) Копаоник- Ниш – Скопје / Штип
Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон Ниш. Пристигнување во Ниш, вториот по големина град во Србија. Ораганизрана прошетка низ центарот на градот со можност за посета на шопинг центарот Делта. Поаѓање за Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Скопје/ Штип во вечерните часови.
Цена: 89€/5.520,00денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз на дадената релација
- 1 ноќевање со појадок во хотел Junior 3* во Брзече -Копаоник
- Прошетка низ Ниш
- организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- туристичка такса – 100,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)
- патничко осигурување-150 денари ( задолжително)
- влезници за културно-историски и верски споменици
*Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
Општи напомени :
- ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.***Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
За реализација на аранжманот се потребени минимум од 45 патници за автобус!
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ