8 март во Унгарија
СЕГЕДИН И АКВАПАРК АКВАПОЛИС
2 дена/ 1 ноќ / автобус
Сегедин е еден од трите најголеми градови во Унгарија кој го носи епитетот „Град на сонцето” поради големиот број сончеви денови во текот на годината и неговата живописна архитектура. Познат како град на палатите, пиперките и прочуениот секелски гулаш, истиот воодушевува со својата елегантна архитектура, широки булевари, зелени паркови и пријатна медитеранска атмосфера што се чувствува на секој чекор. Тој е значаен универзитетски и културен центар, седиште на Универзитетот во Сегедин – еден од најреномираните во Унгарија. Градот на нобеловецот, Алберт Сент-Ѓерѓи, научникот кој токму тука го открил витаминот Ц, што дополнително му дава научна и историска тежина на градот. Покрај културата и историјата, Сегедин е познат по своите термални води, а вистинска атракција е Аквапаркот Акваполис, каде се наоѓа најдолгиот затворен тобоган во Европа со должина од 272 метри.
1 ден 06.03.2026 (петок) Штип / Скопје/ Куманово – Сегедин
Поаѓање во 21.00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 22.15 часот од Скопје пред хотел Континентал, во 23.00 часот од Куманово пред Макпетрол бензинска. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 07.03.2026 (сабота) Сегедин
Пристигнување во Сегедин, еден од трите најголеми градови во Унгарија, познат како „Град на сонцето“ поради големиот број сончеви денови во текот на годината и неговата живописна архитектура, обновен по големата поплава од 1879 година кога градот бил целосно реконструиран во модерен европски стил. Денес, Сегедин е значаен универзитетски и културен центар во јужна Унгарија, препознатлив по богатите термални води и по својата автентична архитектура, со голем број палати, историски градби и уникатни објекти што му ја даваат неговата препознатлива елеганција. Организиран разглед на градот со локален водич: Разгледот започнува од Порта на хероите, импресивен камен чувар на историјата на градот, Плоштадот Дом (Dóm tér), централниот плоштад на Сегедин, каде се наоѓа Заветната црква на Сегедин (Votive Church of Sseged) и музичкиот часовник што додава живост на плоштадот како и Српската православна црква Свети Никола. Потоа, се упатуваме кон Плоштадот Стефани (Stefánia tér) на брегот на реката Тиса, со Музејот „Ференц Мора“ и Зградата на Националниот театар. Продолжуваме кон центарот- Плоштадот Сечењи (Széchenyi tér), вистинска зелена оаза во срцето на градот, каде доминира Градската куќа, нео‑барокна градба и Мостот на Воздишките, историски премин во Венецијански стил, ремек‑дело од крајот на 19‑ти век, кое денес е еден од симболите на стариот центар. Разгледот завршува со посета на Новата синагога и Дугоничевиот плоштад (Dugonics tér), пред Ректоратот на Универзитетот, кој се смета за еден од најдобрите и најголемите универзитети во Унгарија. Тука се наоѓа и статуата на Алберт Сент-Ѓерѓи, прочуениот научник и добитник на Нобеловата награда, кој токму во Сегедин го открил витаминот Ц. Сместување во хотел Science 4*. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Можност за посета на шопинг-центарот “Arkad“ (https://www.arkadszeged.hu/), еден од најголемите и најпосетуваните трговски комплекси во регионот. Ноќевање.
3 ден 08.03.2026 (недела ) Сегедин–Акваполис- Скопје- Штип
Појадок. Можност за факултативна посета на Аквапаркот Aquapolis (Napfényfürdő Aquapolis) или индивидуална прошетка низ Сегедин. Аквапаркот Aquapolis се протега на површина од 4.400 м², со вкупно 15 базени, од кои 4 надворешни и 11 внатрешни, со температура на водата од 28°C до 34°C. Големиот внатрешен базен со различни атракции, брзи реки, водопади, хидромасажни лежалки и дури 13 тобогани, меѓу кои е и најголемиот затворен тобоган во Европа со должина од 272 метри. Во попладневните часови, поаѓање за Македонија. Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови или раните утрински часови во зависност од варисните формалности.
Цена: 139€/8.620,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз со туристички автобус
- 1 ноќевање со појадок во хотел Science 4* https://sciencehotel.hu/
- разглед на Сегедин со локален водич
- Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- патничко осигурување- 150 денари ( задолжително)
- туристичка такса –2 евра ( се плаќа во агенција)
- Факултативна посета на Аквапаркот Aquapolis- 3 часа (превоз + влезница)- 25евра (минимум 20 патници за реализација)
- влезници за културно-историски споменици
Општи напомени :
- ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вонредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
За реализација на аранжманот се потребени е минимум од 40 патници за автобус!Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ


