БАРИ – ОСТУНИ – МОНОПОЛИ – ПОЛИЊАНО А МАРЕ – МАТЕРА – АЛБЕРОБЕЛО

БАРИ – ОСТУНИ – МОНОПОЛИ – ПОЛИЊАНО А МАРЕ – МАТЕРА – АЛБЕРОБЕЛО
Термин 20.03.2026 – 23.03.2026 

4 дена / 3 ноќи

1 ден  20.03.2026 (Петок) СКОПЈЕ – БАРИ

Состанок на групата во 14:00 часот. Лет за Бари W6 4811 во 16:45 часот. Пристигнување во Бари во 17:55 часот. Oрганизиран трансфер до хотелот. Сместување во хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ден  21.03.2026 (Сабота) ОСТУНИ – МОНОПОЛИ – ПОЛИЊАНО А МАРЕ

Појадок. Факултативен целодневен излет ОстуниМонополиПолињано а Маре (Polignano a Mare). Градчето Остуни кој уште е наречен и „La Città Bianca“ (бел град) поради своите блескаво бели градби и историја стара илјадници години. Највисокиот дел од градот го краси готската катедрала од 15 век и Архиепископска палата. По разгледот на градот, слободно време за прошетка по средновековните улици и уживање во панорамските погледи што се протегаат преку руралниот пејзаж па сè до Јадранското Море. Секој агол од градот нуди ново откритие – од древна архитектура до живописни локални фестивали што го оживуваат богатото наследство на градот. Потоа, поаѓање кон Монополи каде што се посетуваат стариот град, шармантните улички на историскиот центар на Монополи, шарениот уличен пазар на Пјаца XX Сетембре и катедралата изградена во 1693 година, висока повеќе од 60 метри, разглед на пристаништето, по што следува време за ручек или индивидуални активности. Во попладневни часови, продолжуваме кон приморскиот град Полињано а Маре (Polignano a Mare), сместено на карпа, со поглед кон бајковит залив. Полињано а Маре, родното место на Доменико Модуњо, легендарниот автор и пејач на „Volare“, една од најпознатите италијански песни. Посета на панорамските точки со поглед на Лама Моначиле. Прошетка низ стариот град Арко Маркесале од 16 век, познат и како Порта Гранде, Мајчината црква, посветена на Богородица, бројните занаетчиски продавници, типични сладоледџилници, слаткарници и романтични ресторани со поглед кон морето. Во попладневните часови, враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден  22.03.2026 (Недела) МАТЕРА – АЛБЕРОБЕЛО

Појадок. По појадокот, можност за факултативна посета на Матера. Уживајте во восхитувачкиот поглед на Сасија- стариот дел на Матера, пештери издлабени во карпата, во кои локалното население живеело сè додека не било присилено да се пресели во модерни живеалишта во 1950-тите години. Прогласени се за светско наследство на УНЕСКО. Нивните кривулести улички, лавиринт од пештери, градини, тераси и тунели создаваат уникатен архитектонски комплекс. Овој древен град својата популарност посебно ја зголеми благодарение на култниот филм на Мел Гипсон “The Passion of the Christ”, во кој повеќето сцени во замена на Ерусалим се снимани токму во Матера. Слободно време за индивидуална прошетка на стариот дел од градот. Продолжуваме кон Алберобело, град кој претставува синоним за туристичките атракции во Апулија. Најголемата атракција но ова место се неодоливите куќички со специфични шилести кровови кој локалното население ги нарекува “трули”. Повеќе од 1030 такви куќички се наоѓаат во ова бајковидно село кое е под заштита на УНЕСКО. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден  23.03.2026 (понеделник) БАРИ – СКОПЈЕ

Појадок. Разглед на градот Бари. Стариот дел на градот е најголемата атракција и најважниот дел од Бари. Го карактеризираат високи ѕидини кои го штителе градот од ветрови, тесни калдрмисани улички и бели згради со специфични железни балкони. Продолжуваме со прошетка по квартот  Сан Никола  кој се протега меѓу двете пристаништа на Бари, старото и новото, со поглед кон крајбрежјето. Додека шетате низ лавиринтот од тесни улички, застанете и восхитете се на жените кои подготвуваат типична апулиска паста – орекјете, традиционално рачно направена. Прошетката продолжува  кон црквата Свети Никола (ит. Basilica di San Nicola), изградена во 1087 година, каде се чуваат моштите на Свети Никола. Исто, дел од значајните знаменитости се и Катедралата Свети Сабиниј (ит. Cattedrale di San Sabino)  романска црква од 13 век со подземна крипта во која се наоѓаат древни реликвии. Дворецот Бари (ит. Castello Svevo di Bari) е изграден во 12 век и поседува централно двориште опкружено со големи ѕидини, од кои се пружа величествен поглед кон градот. Плоштадот Меркантиле (ит. Piazza Mercantile) е прекрасен и шармантен, архитектонски интересен дел од стариот град што мора да го посетите. Театарот Петруцели (ит. Teatro Petruzzelli) е четврти по големина театар во Италија лесно ќе го препознаете бидејќи се издвојува од другите градби по својата портокалова фасада. Лунгомаре ди Бари совршена можност да се восхитувате на Јадранското Море и некои од најубавите градби во градот. Слободно време за прошетка во центарот на Бари со многубројни типични италјански ресторани каде може да ја пробате италјанската кујна и да уживате во магичната атмосфера со италјанско еспресо, аперол и незаборавно гастрономско искуство со домашно изработените тестенини, пица и уште многу специјалитети. Трансфер до аеродромот во Бари во 15:00 часот. Лет за Скопје W6 4812 во 18:30 часот. Пристигнување во Скопје во 19:40 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  399€ / 24.740,00 денари
* Местата по дадената цена се ограничени

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски билет Скопје – Бари– Скопје со авикомпанија Wizz Air
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Бари
  • Пешачки разглед на Бари
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
  • Организација на аранжманот со туристички придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за чекиран багаж, инфо за цена во агенција на 10 дена пред патувањето
  • Можност за Трансфер Штип– Aеродром – Штип (доплата 10 евра)
  • Туристичка такса- 2 евра по лице од ноќ (се плаќа во агенција)
  • Факулативна посета на Матера и Алберобело (трансфер и локален водич) – 75€ (минимум 20 патника) *резервација и плаќање во агенција
  • Факултативан посета на Остуни, Монополи, Полињано а Маре (трансфер и локален водич) – 75€ (минимум 20 патника) *резервација и плаќање во агенција
  • Можност за Трансфер Штип– Aеродром – Штип (доплата 10 евра)
  • Влезници за културно- историски споменици
  • Патничко осигурување- 200 денари (задолжително) *За лица на возраст до 62 години

НАПОМЕНИ:

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
  • Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. При резервација задолжително е пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • ЕЕС СИСТЕМ- Од 12 октомври 2025 година, на граничните премини на Европа започна со работа Системот за влез/излез (EES). Системот за влез/излез (EES) се применува и при пристигнување и при заминување од Шенген-зоната. Овој автоматизиран систем е дизајниран за евиденција на државјани на трети земји кои патуваат за краток престој (максимум 90 дена во рамките на кој било период од 180 дена). При преминување на границата, патниците ќе треба да:
    – Го покажат својот патен документ
    – Извршат еднократна биометриска регистрација (вклучувајќи четири отпечатоци од прсти и фотографија од лицето)
    – Ве молиме имајте предвид дека државјаните на ЕУ, жителите на ЕУ, како и носителите на долгорочна виза на ЕУ се ослободени од регистрација во овој систем.
    – Процесот на регистрација може да одземе дополнително време при пасошката контрола. Затоа, ви препорачуваме да пристигнете на аеродромот навреме, за да имате доволно време за пријавување, безбедносни проверки и гранични постапки. Непридржувањето кон ова може да резултира со пропуштање на летот.

 

За реализација на аранжманот се потребени  минимум од 25 патници!

Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди