Атина за 8-ми Декември

Атина за 8-ми Декември

Атина е град којшто ги има поминато сите фази на општествено уредување. Од робовладетелство, преку капитализам, социјализам, комунизам, феудализам до демократија. Атина сама по себе е една од најпосетуваните дестинации. Годишно ја посетваат 17 милиони, па со самото тоа ни е јасно зашто Грција никогаш не банкротира. Атина е всушност водечкиот град на Грција. Денес во Атина владее свет со ултрамодерна, урбанистичка и архитектонска смела линија во полн сјај со класична и неповторлива убавина. Атина е приказна која трае….

Прв ден 06.12.2024 (Петок)
Состанок на групата во 20:30 пред хотел Русија во Аеродром. Поаѓање во 21:00 часот. Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

Втор ден 07.12.2024 (Сабота)
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол. Заминување кон Глифада. Смествање во хотел. Слободно попладне. Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада.

Трет ден 08.12.2024 (Недела)
Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна. Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина

Четврти (09.12.2024) Понеделник
Појадок. Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Слободно време и заминување кон Македонија. Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.

Цена: 139 /8.620,00

Што е вклучено во цената
-Превоз со високо туристички автобус
-2 ноќевања со појадок во хотелот London 3* во Глифада
-Организиран разглед на градот со локален водич
-Организација и водство на патувањето

 

Што не е вклучено во цената
-Екскурзија на Арголида-Пелопонез – 50е
-Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 20е
-Туристичка такса 1,5е по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
-Влезници за посета на локалитетите со водич (Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е, Посејдонов храм 10е)
-Патничко осигурување

 

Факултативни излети
Сунион и Аполоновиот брег Цена за пакет: 20€
Арголида-Пелопонез Цена за пакет: 50€
Влезници за посета на локалитетите со водич Цена за пакет: (Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е,

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди