НОВА ГОДИНА ВО САРАЕВО

НОВА ГОДИНА ВО САРАЕВО

Мостар – Вишеград – Мокра Гора

 

 29.декември (петок)   СКОПЈЕ – САРАЕВО
Поаѓање за Сараево во 20.00ч. преку граничниот премин Табановце, ноќно возење преку Чачак, Ужице со попатни паузи.

30.декември (сабота)  САРАЕВО
Во утринските часови пристигнување во Сараево и разгледување со локален водич: Народниот театар, Градското собрание, па се оди пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Газихусербеговата џамија, Катедралата… Сместување во  хотел БМ со 4*. Слободна вечер во Сараево на – Башчаршија, уживање во стариот град ,каде можете да ги вкусите познатите “ќебапи во лепиња”, “телетина испод саче”,  како и десертот “туфахија”. Ноќевање.

31.декември (недела)  САРАЕВО – МОСТАР – САРАЕВО
Појадок. Факултативен излет до Мостар,со попатна посета срушениот-историски Мост од “Битката на Неретва” кај Јабланица. Пристигнување во Мостар- град со многу мостови,  сместен на реката Неретва. Посета на  Стариот мост – симболот на градот, изграден 1557 – 1566 год., 2004 год. ставен под заштита на УНЕСКО, стариот град, улицата Кујунџилак со занаетчиски дуќани, саат кулата.. Попладнето враќање во Сараево. Вечерта дочек на новата 2024 год. во ресторан или на плоштад, каде за најлудата ноќ ќе забавуваат групите Забрането пушење, Црвена јабука и др..Ноќевање.

01.јануари (понеделник)  САРАЕВО – ВИШЕГРАД – ДРВЕНГРАД – СКОПЈЕ
Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” на Емир Костурица. Се продолжува за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено-“Дрвениот град” дело на Емир Костурица, како и единствената туристичка-музејска железница “Шарганска Осмица” ремек дело меѓу пругите со тесен колосек. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со паузи. Пристигнување во македонија следниот ден во раните утрински часови

 

ЦЕНА: 7.400 денари, за резервации до 01.12.2023,
редовна цена 8.400ден.

 

Во цената се пресметани следните услуги:

– превоз со туристички автобус;
– сместување во хотел  БМ со 4* на база 2 н/п https://bminternationalhotel.inn.fan/
– разглед на Сараево со локален водич
– попатни посети на Мокра Гора, Вишеград
– организација и придружник на патувањето


Во цената не е пресметано:

– патничко и здраствено осигурување-без франшиза- 200 ден.до 65год., 350ден. до 70г.
– факултативен излет до Мостар -20 €
– новогодишна вечера со жива музика-31.12.2023г.- 60€
– влезници за културно историските споменици.


Рок на пријавување до 20.12.2023 година.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ и СКТМ.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди