ИТАЛИЈАНСКА БОЖИЌНА МАГИЈА
БАРИ- АЛБЕРОБЕЛО- ЛОКОРОТОНДО- МАТЕРА
4 дена / 3 ноќевања
Сместен на брегот на Јадранското Море, Бари е град каде што историјата, културата и медитеранскиот шарм се преплетуваат со леснотија. Од старото градско јадро, каде што калдрмисаните улички водат до катедрали и миризливи пекари, до модерните булевари што пулсираат со живот – Бари плени со својот карактер. А кога ќе пристигне декември, градот добива посебна светлина. Божиќната магија се разлева низ улиците: светилки висат над балконите, плоштадите се претвораат во мали светови од бајка, а звуците на празничната музика го дополнуваат духот на заедништвото. Тука, Божиќ не е само украс – туку чувство што се впива во секој агол. Бари во декември е место каде што спомените се раѓаат и траат цел живот.
04.12.2026 (Петок) СКОПЈЕ- БАРИ
Состанок на групата на аеродром Скопје во 14:30 часот. Полетување за Бари во 16:50 часот. Слетувањето е во 18:00 часот (локално време). Организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
05.12.2026 (Сабота) БАРИ- АЛБЕРОБЕЛО- ЛОКОРОТОНДО- БАРИ
Појадок. Целодневна факултативна посета на Алберобело и Локоротондо. Алберобело, едно од најубавите и најпосебните места во Италија. Она што го прави ова место уникатно се куќите “трули” со конусни куполи. Трулите на Алберобело се на листата на светско наследство на УНЕСКО, кои датираат од 17 век, односно од 1644 година. Овие куќи без малтер, исклучиво од парчиња варовнички камења од околните ниви, со карактеристичен облик на конусни покриви покриени со камени плочи можеле лесно да се расклопат и преку ноќ да се создадат нови. Во божиќниот период, Алберобело станува вистинска зимска бајка! Белите трули и камените улички блескаат во илјадници празнични светилки, а плоштадите и малите улички се исполнуваат со божиќни украси, штандови и празнична атмосфера. Уживајте во автентичните вкусови, пробајте свежа бурата, традиционална фокача, домашни тарaли, прочуената паста orecchiette, како и одличните локални вина. Слободно време за индивидуални активности. Продолжуваме кон Локоротондо. Локоротондо е еден од најубавите мали градови во Италија, препознатлив по својот овален историски центар, по кој го добил и името. Опкружен со лозја и маслинови дрвја, градот плени со белите куќи, цветните балкони и тесните улички што создаваат чувство на мир и едноставна убавина. Во декември, Локоротондо добива посебен сјај. Целиот стар град изгледа како божиќна разгледница што оживеала – улиците се украсени со рачно изработени лампиони, дрвени фигури, венчиња и светилки што ги следат сводовите над калдрмата. Традиционалните декорации го пренесуваат духот на локалната празнична традиција, а празничната тишина и светлината ја претвораат прошетката во вистинско уживање. Секоја уличка изгледа како мал музеј на отворено. Градот е познат и по своето име, впишано во Гинисовата книга на рекорди поради петте „о“, а архитектонското срце на Локоротондо – црквата „Св. Ѓорги“ – во овој период е особено величествена, осветлена и празнично украсена. Прошетка низ празнично украсениот стар град и слободно време за индивидуални активности, шопинг и уживање во божиќната атмосфера. Враќање кон Бари. Ноќевање.
06.12.2026 (Недела) БАРИ- МАТЕРА- БАРИ
Појадок. По појадокот, можност за факултативна посета на Матера, еден од највпечатливите и најавтентични градови во јужна Италија и Европска престолнина на културата за 2019 година. Матера е вистински скапоцен камен на Италија. Посета на историскиот дел на градот, познат како „Саси ди Матера“ (Sassi di Matera), уникатен комплекс од пештерски живеалишта, камени куќи и тесни улички врежани во карпите. Историскиот дел на Матера е под заштита на УНЕСКО и претставува едно од најзначајните културно-историски наследства на Италија. Прошетка низ Sasso Caveoso и Sasso Barisano, со нивните камени улички, скали, мали плоштади и панорамски видиковци. Продолжување кон Катедралата „Санта Марија дела Бруна и Свети Евстахиј“, изградена во XIII век на највисоката точка помеѓу двете населби на Саси, со разглед на катедралата и уживање во панорамскиот поглед кон Sasso Barisano. Посебно доживување претставува посетата на еден од панорамските видиковци, од каде што се отвора впечатлив поглед кон Саси, карпестите предели и кањонот Гравина. Матера често се нарекува и „втора Витлеем“, поради своите древни пештерски живеалишта, камени градби и уникатниот пејзаж на Саси, кој потсетува на библиските предели од времето на Христовото раѓање. Матера е позната и како атрактивна филмска локација, а нејзините впечатливи улици и камени пејзажи биле дел од повеќе светски познати филмски продукции, меѓу кои и филмот за Џејмс Бонд „No Time to Die“. Во слободното време, ви препорачуваме да ги пробате локалните специјалитети „Pane di Matera“ и „peperoni cruschi“, заедно со чаша автентично локално вино „Matera DOC“. Враќање кон Бари. Ноќевање.
07.12.2026 (Понеделник) БАРИ- СКОПЈЕ .
Појадок. Одјавување од хотелот. Прошетка низ Бари. Стариот дел на градот е најголемата атракција и најважниот дел од Бари. Го карактерисираат високи ѕидини кои го штителе градот од ветрови, тесни калдрмисани улички и бели згради со специфични железни балкони. Продолжуваме со прошетка по квартот Сан Никола кој се протега меѓу двете пристаништа на Бари, старото и новото, со поглед кон крајбрежјето. Додека шетате низ лавиринтот од тесни улички, застанете и восхитете се на жените кои подготвуваат типична апулиска паста- орекјете, традиционално рачно направена. Прошетката продолжува кон црквата Свети Никола (Basilica di San Nicola), изградена во 1087 година, каде се чуваат моштите на Свети Никола. Исто, дел од значајните знаменитости се и Катедралата Свети Сабиниј (Cattedrale di San Sabino) романска црква од 13 век со подземна крипта во која се наоѓаат древни реликвии. Дворецот Бари (Castello Svevo di Bari) е изграден од 12 век и поседува централно двориште опкружено со големи ѕидини, од кои се пружа величествен поглед кон градот. Плоштадот Меркантиле (Piazza Mercantile) е прекрасен и шармантен, архитектонски интересен дел од стариот град што мора да го посетите. Слободно време за прошетка во центарот на Бари со многубројни типични италијански ресторани каде може да ја пробате италијанската кујна и да уживате во магичната атмосфера со италијанско еспресо, аперол и незаборавно гастрономско искуство со домашно изработените тестенини, пица и уште многу специјалитети. Организиран трансфер до аеродром. Полетување во 18:35 часот. Слетување во Скопје во 19:45 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 369€ / 22.878,00 денари
* Местата по дадената цена се ограничени
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски билет Скопје – Бари – Скопје со авикомпанија Wizz Air
- Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
- Аеродромски такси
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
- Организација на аранжманот со туристички придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за чекиран багаж, инфо за цена во агенција на 10 дена пред патувањето
- Можност за Трансфер Штип– Aеродром – Штип (доплата 10 евра)
- Туристичка такса- 2 евра по лице од ноќ (се плаќа во агенција)
- ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВНА ПОСЕТА- AЛБЕРОБЕЛО И ЛОКОРОТОНДО– 65 евра (минимум 20 патника)
- Факултативна посета на Матера– 55 евра (минимум 20 патника)
- Влезници за културно- историски споменици
- Патничко осигурување- 200 денари (задолжително)
НАПОМЕНИ:
- Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
- Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. При резервација задолжително е пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За реализација на аранжманот се потребени минимум од 20 патници!
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ