ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ– ЕГИНА
Остров на верата и спокојот
3 дена/ 2 ноќи / автобус
1 ден 24.09.2026 (Четврток) Скопје/Куманово/ Штип- Егина
Поаѓање кон Егина во 16:30 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во 17:00 часот од Куманово, пред бензинска пумпа Макпетрол, во 18:00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 25.09.2026 (Петок) Неа Макри- Пиреја- Егина
Пристигнување во Неа Макри во утринските часови. Посета на манастирот Св. Ефрем Нови, едно од најголемите православни светилишта во Грција, каде што се чуваат моштите на светецот кој маченички пострадал за Христовата вера. Манастирот нуди мирна духовна атмосфера и претставува едно од најпосетуваните аџилак места во Грција. По посетата, продолжуваме кон Пиреја, од каде со траект се упатуваме кон островот Егина. Попатно разгледување на градот Атина, при што панорамски ќе ги видиме плоштадите Омонија и Синтагма. По пристигнувањето, посета на манастирот Св. Нектариј Егински, кој е изграден од самиот Св. Нектариј, еден од најпочитуваните светители на Православна црква и исцелител на најтешките болести, познат по својата смиреност, љубов кон ближните и големата духовна сила. Во манастирот се чуваат неговите свети мошти, пред кои секојдневно се поклонуваат илјадници верници од целиот свет. Разглед на манастирскиот комплекс и манастирот Св. Екатерина. Потоа, продолжуваме кон туристичкото место Агиа Марина, каде што е предвидено сместување во апартмани. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден 26.09.2026 (Сабота) Агиа Марина- Егина- Агиа Марина
Во утринските часови, поаѓање кон манастирот Св. Нектариј Егински и присуствување на Света Литургија. По завршувањето на богослужбата, продолжуваме кон градот Егина, живописната престолнина на островот, познат по своето пристаниште, неокласичната архитектура, традиционалните таверни и прочуените егински ф’стаци- еден од симболите на островот. Слободно време за прошетка, шопинг и индивидуални активности. Враќање во Агиа Марина. Попатна посета на манастирот Св. Мина и археолошкиот локалитет Храмот на божицата Афаја (Aphaea), еден од најдобро сочуваните антички храмови во Грција, изграден во V век п.н.е. Храмот е посветен на божицата Афаја, заштитничка на островот, и претставува еден од трите врвови на познатиот „Свет триаголник“, заедно со Партенон во Атина и храмот на Посејдон на Сунион. Ноќевање.
4 ден 27.09.2026 (Недела) Агиа Марина- Евиа- Штип/ Куманово/ Скопје
Во утринските часови, напуштање на апартманите и упатување кон пристаништето Егина, од каде со траект продолжуваме кон Пиреја. Патот продолжува кон островот Евија. Пристигнување во селото Прокопи, духовен центар на островот Евија, посета на манастирот во кој се чуваат моштите на Св. Јован Рус. Св. Јован Рус е еден од најпочитуваните православни светители, познат по својата смиреност, трпение и бројните сведоштва за чуда и исцеленија. Следниот манастир кој ќе го посетиме е Св. Преподобен Давид, сместен во живописниот предел на северна Евија. Mанастирот e основан во XVI век од самиот Свети Давид, и претставува духовно прибежиште за бројни поклоници, кои го посетуваат поради неговата богата историја, светите мошти и спокојната атмосфера. Потоа, продолжуваме кон пристаништето Агиокамбос, од каде со траект се преминува до пристаништето Глифа. Враќање кон Македонија со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
Цена: 230 €/14.260,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз на дадената релација
- 2 ноќевања во апартмани во Агиа Марина
- превоз со брод на релација: Пиреја- Егина- Пиреја
- превоз со брод на релација: Агиокамбос- Глифа
- организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- туристичка такса – 3 евра ( задолжителна доплата во агенција)
- Патничко осигурување- 200 денари (задолжително) *За лица на возраст до 62 години
- Влезници за културно-историски споменици
За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 патници!
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ