Хотел Royal Bay 4* – Елените
Royal Bay 4* – All Inclusive се наоѓа во затворениот комплекс Елените, на 30м од плажа. Сите соби и апартмани имаат прекрасен поглед кон морето. Располага со директен пристап до плажа, отворен базен, неколку ресторани, барови и ноќен клуб. Сите соби и апартмани имаат клима уред, кабелска ТВ, сеф, фрижидер, тераса и фен во бањата. Free WiFi е на располагање во lobby-то на хотелот. Целокупната понуда вклучува главен ресторан со разновидни вкусни оброци, лоби бар, snack bar, бар на базенот. Чадори за сонце и лежалки се бесплатни на базен и на плажа. Гостите на хотелот можат бесплатно да се забавуваат во Aqua park Atlantida, неограничено во текот на престојот. Барот во Aqua parkot е дел од all inclusive програмата на хотелот Royal Bay 4*.
Royal Bay 4* има тим на професионални аниматори, со дневни и вечерни активности, игри на плажа и детски дискотеки за помладите гости. Исто така, се организираат спортски игри и тематски претстави за возрасните.
Цените се во евра по лице за 1 ноќевање на база ALL INCLUSIVE и вклучуваат :
- Користење на базен
- Лежалки и чадори покрај базенот
- Aqua park ATLANTIDA со 3 базени, тобогани и вклучени безалкохолни пијалоци и пиво, лежалки и чадори
- Ресторан a la carte
- Snack бар
- Безалкохолни пијалоци и алкохолни локални пијалоци се нудат во сите барови во текот на целиот ден и во Lobby Bar од хотелот до 24 часот
- Детско катче
- Тенис, мини голф
- Забавен дел, анимација
Капацитет на сместување:
Двокреветна соба – 2 возрасни + 2 деца до 11,99 години или 3 возрасни + 1 дете до 2,99 години
Студио – 2 возрасни + 2 деца до 11,99 години или 3 возрасни + 1 дете до 2,99 години
Апартман – 2 возрасни + 2 деца до 11,99 години или 3 возрасни + 1 дете до 11,99 години
Попусти:
Дете до 2.99 години – бесплатно
Прво дете 3-11.99 години на дополнителен кревет со двајца возрасни – бесплатно
Второ дете од 3 -11.99 години на дополнителен кревет со двајца возрасни – 50% од цената за возрасен
Возрасен на дополнителен кревет во двокреветна соба/студио/апартман – 20% попуст на регуларната цена
Плаќање 50% со направена резервација, а остатокот се доплаќа две недели пред датумот на сместување.
Во цените не е вклучено : патничко осигурување и туристичка тaкса 1€ по лице на ден
Цените се во евра, а плаќањето е исклучиво во денари по курс 62 мкд=1евро