11ти Октомври во ИСТАНБУЛ  

11ти Октомври во ИСТАНБУЛ  
4 дена/ 2 ноќи / автобус

1 ден 10.10.2024 (четврток) СКОПЈЕ/ШТИП-ИСТАНБУЛ
Состанок на групата кај хотел Континентал во 16:00ч. тргнување кон Штип , тргнување во 17:00 ч од Нова Пошта Штип. Се патува преку граничниот премин Богородица . Дневно и ноќно возење со попатни паузии царински формалности.

2 ден 11.10.2024 (петок) ИСТАНБУЛ
Планирано пристигнување во утринските часови. Посета на Балат шарената населба , оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Балат важи за една од христијанските населби, каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Потоа го посетуваме плоштадот Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата ja краси прекрасната Галата кула. Сметување во хотел, слободно време за одмор и индивидуални активности. Можност за индивидуална посета на Капали Чаршија. Ноќевање.

3 ден 12.10.2024 (сабота) ИСТАНБУЛ
Појадок, групата се упатува на пешачка тура- разглед на градот со локален водич: каде што ќе ги разгледаме Капали чаршија, Хиподромот, Сината Џамија, Султан Ахмед плоштадот, Топ Капи најпознатата султанска палата во светот каде што живеел Величествениот султан Сулејман и  Аја Софија џамијата изградена за време на Византискиот цар Јустинјан со купола висока 56 метри и изгледа како да лебди, со што го претставува небото. Од таму групата се упатува на крстарење со брод по Босфор со локален водич незаборавно дружење и доживување на еден поинаков Истанбул и единствена можност за панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот (Прочуената Кула на Девицата, изградена во 408г. пред новата ера – еден од симболите на Истанбул, Црквата „ Hagia Irene” – најстарата византиска црква во градот, минување под мостот на Босфорот).По крстарењето продолжуваме кон азискиот дел –Ортакој (најживописниот кварт на Истанбул каде се снимени голем број на турски серии со прекрасна панорама каде може да уживате во најпопуларните специјалитети компир и вафли. Групата разгледот го продолжува кон  Watergarden односно магичните фонтани кои со своите светла и изведби танцуваат на вода и ги воодушевуваат посетителите. Овој трговски центар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Во вечерните часови враќање во хотел. .Ноќевање.

4 ден  13.10.2024 (недела)  ИСТАНБУЛ- ШТИП
Појадок, слободно време во населбата Лалели, одјавување од хотел. Групата се упатува кон Коска лиценцирана продавница за традиционални турски специјалитети и кафиња. попатна посета на Шопинг Центар FORUM. Во договорено време групата се упатува кон Македонија.

5 ден  14.10.2024 (понеделник)  ШТИП/СКОПЈЕ
Пристигнување во Штип/Скопје во раните  утринските часови.

  

цена:  129€ /   7.998,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со високо туристички  автобус
  • 2 ноќевање со појадок во хотел со 3* во Истанбул
  • организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружнк

  

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • туристичка такса – 120,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)
  • патничко осигурување-150 денари ( задолжително)
  • Разглед и посета на Балат шарента населба и Плоштадот Таксим со улицата Истиклал – 25 евра ( минимум 25 лица за реализација, пријавување во агенција)
  • Разглед по програмата со локален туристички водич: Капали чаршија, Хиподромот, Сината Џамија, Султан Ахмед плоштадот, Топ Капи(од надвор), Аја Софија(од надвор), Крстарење + Ортаќој +  и Watergarden – 75 евра ( минимум 25 лица за реализација, пријавување во агенција)

 

  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

 

  

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди