НОВА ГОДИНА ВО БЕЛГРАД

НОВА ГОДИНА ВО БЕЛГРАД

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 3 дена / 2 ноќевања



30.декември (сабота) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД 
Поаѓање за Белград од Скопје во договорено време. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот на Револуцијата, Калемегдан:Воениот музеј, Споменикот на победникот… Сместување во хотел. Слободно време за прошетка во центарот на Белград, по пешачката улица Кнез Михајлова или факултативна вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.


31.декември (недела) БЕЛГРАД
– СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ -НОВИ САД-БЕЛГРАД
Појадок.
Факултативен целодневен излет до Сремски Карловци кој освен со својата прекрасна архитектура, познат е и по Фрушкогорското вино познато низ целиот свет Бермут – ароматично вино со 17 % алкохол, кое може да се вкуси во некоја од винариите во Карловци. Притоа со локален водич ќе се посетат: црквата св. Никола, Патријаршијата, фонтаната “Четири лава”… Потоа се продолжува до градот Нови Сад – разгледување со  локален водич: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Градското собрание… Слободно време во центарот на Нови Сад. Попладнето враќање во Белград. Вечерта дочек на Новата 2024 г. на плоштад со богата музичка програма со познатите звезди…Ноќевање.

01.јануари (понеделник) БЕЛГРАД  – СКОПЈЕ
После појадокот можност за факултативно крстарење со сплав по реките Сава и Дунав, при што уште еднаш ќе се ужива во убавините на Белград. Потоа  слободно време кај новиот комплекс “Београд на вода”, каде можи да се посети и Трговскиот шопинг центар “Галерија”. Попладнето поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.

                    Цена на аранжманот:8.600ден/138€ за резервации до 01.12.2023,
 редовна цена 9.600 ден/154€  


Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Белград со локален водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативно крстарење по Дунав и Сава 15
– Целодневен излет до С. Карловци и Нови Сад  25
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здраствено осигурување други неспоменати посети и услуги

НАПОМЕНИ:
-За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош или лична карта.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
– Рок на пријавување до 22.12.2023.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди