НОВА ГОДИНА ВО ИСТАНБУЛ

 

НОВА ГОДИНА ВО ИСТАНБУЛ

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 2 ноќевања

 

Истанбул е единствен град во светот сместен на два континента Европа и Азија,чија историја започнува пред 2600 години. Истанбул ги чува скапоцените богатства на трите империи на кои некогаш им бил главен град.

29.декември (петок)   ШТИП ИСТАНБУЛ
Поаѓање на групата во 18 ч, преку Грција, ноќно возење со попатни одмори.

30.декември (сабота)  ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови, сместување во хотел или се оставаат куферите,па сместувањето e по разгледувањето на Истанбул. Разгледување на Истанбул-пешачка тура со локален водич: Хиподромот, Султанахмедовата-Плава џамија , Аја Софија, Топкапи музејот-влез во двор.Потоа слободно време за шопинг во Аксарај и Капали Чаршија.Посета на стариот дел на Истанбул-Кумкапи.  Ноќевање.

31.декември (недела)  ИСТАНБУЛ     
Појадок.
 Факултативно разгледување на градот со локален водич, и тоа: посета на дворецот Долмабахче Сарај-последна резиденција на Отоманската Империја, Крстарење и незаборавно уживање со брод по Босфорот. Вечерта дочек на Новата 2024г. на плоштад во Кумкапи или во национален ресторан ГАР, со богата програма и мени на турската кујна..Ноќевање.

01.јануари (понеделник)  ИСТАНБУЛ – ШТИП
Појадок. Напуштање на хотелот, посета на Цариградската Патријаршија (со влез)-центар на сите православни цркви, а во нејзина близина е и боемскиот кварт Балат, со стари дрвени куќи во разни бои,со шармантни барови и ресторани. Потоа, преку мостот Галата се поминува покрај стадионот на Бешикташ и се оди до споменикот на Ататурк на плоштадот Таксим. Слободно време за прошетка по булеварот Таксим, кој изобилува со палати од 19-ти век, продавници со познати брендови,ресторани. Потоа посета на најпозна- тата продавница Коска-за алва, баклава, локуми и др. На крај, посета на трговскиот шопинг центар Форум и Декатлон  каде освен шопинг може да се посети аквариумот Turkuazoo. Околу 17-18.часот поаѓање за Македонија преку Грција, ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во македонија следниот ден во раните утрински часови

 

ЦЕНА: 7.400 денари, за резервации до 01.12.2023,
редовна цена 8.400ден.

 

Во цената е пресметано:
– автобуски превоз на дадената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во центарот на Истанбул
– разгледување на Истанбул со локален водич според програмата
– посета на Цариградската Патријаршија,Балат,Таксим, Кумкапи,Коска,Форум,Декатлон…
– организација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:
– патничко здравствено осигурување – задолжително – 250 ден. до 65г.,над 65г.=400д.
– факултативно крстарење со брод по Босфорот – 20 € (резер. во агенција)
– факултативна посета на палатата Долма Бахче со водич – 35 € (резер. во агенција)
– свечена вечера со програма во национален ресторан “ГАР”  –  € (резер. во агенција)
– доплата за еднокреветна соба – 50 еур
– влезници за други културни историски знаменитости

Напомена: Краен рок на пријавување до 20.12.2023 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т.
 А. ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ и СКТМ.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди