НОВА ГОДИНА ВО ТИВАТ

НОВА ГОДИНА  2024

ТИВАТ – ПОРТМОНТЕНЕГРО – ДУБРОВНИК –КОТОР –БУДВА

Термин 30.12.2023-02.01.2024

4 дена /2 ноќи

 

 1 ден  30.12.2023  (сабота )  Штип – Скопје -Тиват

Поаѓање за Тиват   во 21.00 часот од Штип – паркингот пред Новата Пошта, 22:00 часот од Скопје пред хотел Вип. Ноќно патување преку Косово и Албанија  со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден  31.12.2023( недела)  Тиват –Порто Монтенегро  

Пристигнување во Тиват во претпладневните часови. Разглед на градот: католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс “Порто Монтенегро” (единствена марина на Јадранот, за љубителите на водените спортови), Ботаничката градина (изградена по наредба на адмиралот на австроунгарската морнарица Макимилиан Даблес фон Шротернек, кој со декрет побарал од сите капетани да донесат примероци од разни растенија за да го украсат военото пристаниште Арсенал во Тиват). Благодарение на благата клима, растенијата се совршено вкоренати и денес, а градината која зафаќа површина од 4 хектари е една од најголемите во јужниот дел на Јадранското Море. Сместување во хотел. Слободно време за одмор до дочекот за Нова Година. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ВО ТИВАТ СО ХАРИС ЏИНОВИЧ. Ноќевање.

3 ден  01.01.2024( понеделник)  Тиват –Дубровник -Тиват

Појадок. Можност за факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Враќање во Тиват. Попатна пауза во Херцегнови. Слободно време за индивидиуални активности. ДОЧЕК НА ВТОРА НОВОДОГИШНА НОЌ ВО ТИВАТ СО АЦО ПЕЈОВИЧ.  Ноќевање.

4 ден  02.01.2024( вторник)  Тиват –Котор –Будва –Скопје -Штип

Појадок. Одјавување од хотелот Посета на прекрасниот стар град – Котор: катедралата св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, Поморскиот музеј, црквата Св.Никола. Слободно време за прошетка. Попатно застанување во Будва, попладне, заминување за Македонија преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 9.300,оо денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автoбус на наведената релација
  • Сместување во хотел “Palma”4 **** Тиват , 2 ноќевања со појадок
  • Користење на Спа Центар
  • Посета и разглед на Тиват и Портонови (Порт Монтенегро )
  • Посета на Котор и Будва
  • Организирани разгледи според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено :
•      Факултативна посета на Дубровник (20€) Минимум за реализација 35 патници
•      Влезници за музеите и културно-историските споменици
•      Патничко здраствено осигурување.
•      Туристичка такса 1,5 € по лице на ден (се наплатува на рецепција)

 

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.Може да се патува со лична карта !
За овој аранжман важат Општите услови за патување на TA.Феријал Кашиков и  СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди