НОВА ГОДИНА 2027
СУТО МОРЕ – КОТОР – ТИВАТ – ПОРТО МОНТЕНЕГРО – ПЕРАСТ
Термин 30.12.2026 – 02.01.2027
4 дена / 2 ноќи

1 ден 30.12.2026 (Среда) Штип –Куманово- Скопје – Сутоморе
Поаѓање кон Будва во 22.00 часот од Штип- паркингот пред Новата Пошта, во 22.45 во Куманово- Макпетрол бензинска, 23:15 часот од Скопје пред хотел Континентал. Ноќно возење преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 31.12.2025 (Четврток) Сутоморе – ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ВО БАР
Пристигнување во утринските часови во Сутоморе. Сместување во SATO RESORT AND SPA 4* – Суто Море. Слободно време за користење Wellnes and Spa во хотелот, уживање во празничната атмосфера, прошетка покрај море, кафе со поглед на Јадранот. За ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2027 ве водиме во Бар каде настапува Сека Алексиќ – вечер исполнета со музика, добра забава и незаборавни моменти! Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 01.01.2025 (Петок) Сутоморе–Котор- Перест- Тиват- Порто Монтенегро – Сутоморе
Појадок. По појадокот, можност за Целодневен факултативен излет до Котор- Перест- Тиват – Порто Монтенегро. Прошетка во Котор низ тесните улички исполнети со историја, посета на градските ѕидини, катедралата Св. Трифун, плоштадите, сувенирниците, галериите и локалните кафулиња. Слободно време за индивидуални активности и уживање во уникатната атмосфера на Которскиот залив. По посетата на Котор, се упатуваме кон Пераст, еден од скриените бисери на Црна Гора, кој наликува на мало парче Венеција што се спуштило по Јадранот и се закотвило на брегот на Которскиот залив. Овој живописен град, полн со историја и спомени од времињата кога бил богат и влијателен, се гордее со 16 цркви и 17 поранешни величенствени палати, кои сведочат за сјајот и културното наследство на овој крај. Во Пераст е отворен најлуксузниот хотел Heritage Grand Perast by Rixos 5*, сместен во поранешен венецијански дворец од 18-ти век. Овој хотел, како прв објект на брендот Rixos во Црна Гора, го нагласува луксузниот карактер на градот. Од Перест имате преубав поглед на манастирот Богородица на карпите (Gospa od Škrpjela), кој е еден од најфасцинантните историски локалитети во Бока Которска, Црна Гора. Оваа мала црква и нејзиниот музеј привлекуваат туристи со својата уникатна историја, уметничка вредност и живописна околина. По посетата на Пераст, се упатуваме кон Тиват и Порто Монтенегро. Разглед и прошетка низ центарот на градот Тиват и луксузниот комплекс Порто Монтенегро, едно од најлуксузните пристаништа на Балканот. Враќање во хотелот.. ДОЧЕК НА ВТОРА НОВОГОДИШНА НОЌ ВО БАР Продолжуваме со празничната магија и втора вечер исполнета со незаборавни хитови, одлична атмосфера и врвна забава со легендарниот ДИНО МЕРЛИН! . Ноќевање.
4 ден 02.01.2025 (Петок) Сутоморе – Prishtina Mall – Скопје – Куманово -Штип
Појадок. Одјавување од хотелот. заминување кон Македонија преку Албанија и Косово со попатна посета на Prishtina Mall – време за шопинг, кафе и уживање во модерниот трговски центар.,. Ноќно возење. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Цена на аранжманот: 159€ / 9.860,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автoбус на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во Хотел SATO RESORT AND SPA 4* Суто Море
- Користење на Spa Центар
- Автобуски превоз за ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА СО СЕКА АЛЕКСИЧ ВО БАР
- Автобуски превоз за ДОЧЕК НА ВТОРА НОВОГОДИШНА НОЌ СО ДИНО МЕРЛИН ВО БАР
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна посета на Котор – Пераст- Тиват и Порто Монтенегро (минимум 30 патници за реализација) )- 25 евра
- Влезница за Котор (се плаќа на лице место)
- Задолжително патничко здраствено осигурување- 200 денари
- Туристичка такса 5€ по лице
Општи напомени:
- ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
- Може да се патува со биометриска лична карта или пасош.

