Рим, вечниот град, е место каде што минатото и сегашноста се спојуваат во една долга приказна која трае векови. Овој град не е само главен град на Италија, туку е и душата на Западната цивилизација. Секој камен, секоја улица, секоја зграда зборува за една историја која никогаш нема да биде заборавена. Рим е како жив музеј, каде што не е потребно да се стои пред експонатите – туку само да се прошетате и да почувствувате како историјата ве опкружува.
Рим не треба да се споредува со ништо. Тоа е единствено место во светот кое никогаш нема да ја изгуби својата магија. Сите кои ќе го посетат ќе почувствуваат дека тој град е нешто што мора да се доживее, да се запознае и да се почувствува. Рим е историја, уметност, живот – и сè што треба да направите е да се препуштите на неговата магија. Рим не повикува, наше е да се спакуваме и да полетаме кон него!
31. декември (среда) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:55 часот. Лет за Рим W6 4757 во 18:55ч. Пристигнување во
Рим во 20:45 часот. Трансфер до хотелот. Вечерта индивидуално дочек на Новата Година на некој од познатите
плоштади на градот Рим. Ноќевање.
01. Јaнуари (четврток) РИМ (Панорамски разглед)
Појадок. Пешачки панорамски разглед (превоз со метро): разгледот започнува кај триумфалната порта на цар
Константин, покрај Колосеумот, по улицата Фиори Империали каде ќе се запознаете со Римскиот форум и
историјата на Рим во времето на античкиот и царскиот период. Разгледот продолжува кон плоштадот
Кампидољо каде што се наоѓа најпознатиот музеј во Рим, општината на градот и седиштето на
градоначалникот, дизајниран од Микеланџело. Продолжуваме покрај плоштадот Венеција, каде се наоѓа
гробницата на незнајниот јунак во олтарот дела Патриа и споменикот на Виторио Емануеле II. Прошетка по
познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите
понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Покрај
познатите Шпански скали каде се наоѓа познатата фонтана дела Баркача од Бернини, разгледот завршува на
плоштадот Пјаца дел Пополо, кој се наоѓа на северната порта на Аурелијанските ѕидини, во минатото низ
порта Фламинија или Порта дел Пополо, патникот го имал првиот поглед кон Рим по пристигнувањето.
Ноќевање.
02. Јануари (петок) РИМ – ВАТИКАН – НАВОНА
Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се
изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата
Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар…
По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот
Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на
Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан
Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Ноќевање.
03. Јануари (сабота) РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на
листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани,
нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во
маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт
Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се
* Цените и расположливоста се достапни во овој момент (16/10/2025 09:24).
појавила и првата Римска Населба… Ноќевање.
04. Јануари (недела) РИМ – (Римокатоличките базилики и гробот на Св.Кирил)
Појадок. Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралата Сан Џовани Латерано
(поранешната претстолнина на Ватикан), базиликата Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи и
една од најпозните скулптури на Микеланџело – Мојсије, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала
пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил, во
долниот дел на црквата се наоѓаат едни од поважните археолошки ископини, каде ќе имате можност да
видите оригинален пагански олтар од 1в.н.е… Враќање до хотел. Трансфер до аеродромот во Рим во 18:00ч.
Лет за Скопје W6 4758 во 21:30ч. Пристигнување во Скопје во 23:10 часот.
Цена во претпродажба: 599€ (37.758мкд)- Basic пакет – Вклучен 1 разглед
679€ (42.098 мкд )– Superior – пакет со вклучени 3 разгледи
749€ (46.438 мкд )– Premium – пакет со вклучени 4 разгледи
Цена на аранжманот: 649€ (40.238мкд)- Basic пакет – со 1 разглед
729€ (45.198) – Superior – пакет со вклучени 3 разгледи
799€ (49.538) – Premium – пакет со вклучени 4 разгледи
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
– Сместување, Хотел 3* во Рим , на база 4 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот Рим со локален водич
– Рачна торба торба (20x40x30cm), до 8кг.
– Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Здравствено – патничко осигурување околу 220мкд
– Туристичка такса: Хотел 3* – 6€, Хотел 4* – 7,5€/ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
– Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
– Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
– Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
– Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
– Доплата за 1/1 соба – 190€
– Билети за превоз со метро 2€ по правец / 9.5€ дневен билет
– Влезници за културно-историските споменици
НАПОМЕНИ:
-За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
– Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или ограничат влезот.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ