23 ОКТОМВРИ ВО КУРШУМЛИСКА БАЊА
ХОТЕЛ ПЛАНИНКА 4* КУРШУМЛИСКА БАЊА
3 дена / 2 ноќевања
Термин: 23.10- 25.10.2026
Во срцето на Куршумлиска Бања, каде природата и лековитите термални извори создаваат совршена атмосфера за одмор, Хотел Планинка се издвојува како една од најпосетуваните велнес дестинации во регионот. Познат по својот модерен спа-центар и комплексот од осум термални базени, хотелот нуди уникатно искуство кое ги спојува релаксацијата, луксузот и благодетите на природната минерална вода. Без разлика дали барате мирен викенд, семеен одмор или целосно велнес уживање, Планинка нуди амбиент во кој секој момент е создаден за одмор и уживање.
23.10.2026 (Петок) ШТИП- КУМАНОВО- СКОПЈЕ- КУРШУМЛИСКА БАЊА.
Тргнување во 05.00ч од Штип, нова Пошта, 06:00ч од Куманово, Макпетрол бензинска и 06:45ч од Скопје на паркингот кај Хотел Континентал . Поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Куршумлиска Бања околу пладне и сместување во хотел Планинка 4*. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација и користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.
24.10.2026 (Сабота) КУРШУМЛИСКА БАЊА.
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и користење на Wellness & Spa содржините: 8 базени со термална вода, сауни, солена соба, парно купатило, тепидариум, кинеп стаза и соба за релаксација. Вечера. Ноќевање.
25.10.2026 (Недела) КУРШУМЛИСКА БАЊА- КУМАНОВО- СКОПЈЕ- ШТИП.
Појадок. Одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активности и користење на Wellness & Spa содржините до предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Цена: 195€/12.090,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на дадената релација
– 2 ноќевања на база полупансион (појадок и вечера) во хотел Планинка 4* Куршумлиска бања
– Секојдневно користење на Wellness центарот: 8 базени со термална вода, сауни, солена соба, парно купатило, тепидариум, кинеп стаза и соба за релаксација
– Користење фитнес сала и сала за рекреација (билјард, пинг понг, пикадо)
– Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување- 150 денари по лице
– Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Попусти и опционални доплати:
– Доплата за еднокреветна соба- 20 евра
– Доплата за апартман- 10 евра по лице од ноќ
– Дете 2-6.99 год. на дополнителен кревет во придружба на 2 возрасни плаќа 35€/2.170ден
– Дете 7-12год. на дополнителен кревет во придружба на 2 возрасни -50% попуст
– Доплата за одбирање на седиште во автобус +10€/620ден (мин. 2 седишта)
НАПОМЕНИ:
-Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
-Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
-За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. При резервација задолжително е пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
– Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
-Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За реализација на аранжманот се потребени минимум од 30 патници!
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ