ПРАГА
- Мај (четврток) СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на аеродромот во 10:30 часот рано наутро. Полетување за Прага во 12:30 ч. Пристигнување во 16:05 часот. Трансфер и сместување во хотел. Вечерта можност за индивидуални прошетки по Вацлавски плоштад или факултативно крстарење по В’лтава со вклучена вечера. Ноќевање.
- Мај (петок) ПРАГА
Појадок. Панорамски пешачки разглед на градот со локален водич (јавен превоз): Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник – Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица…Слободно попладне за индивидуални активности.Ноќевање.
- Мај (сабота) КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари – најпознат бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от век. Можност за посета на еден од 12-те извори… прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите локални производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладнето, враќање во Прага. Вечерта слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
- Мај (недела) ПРАГА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од собите. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродромот во Прага во 14:00ч. Лет за Скопје во 16:45 ч. Пристигнување после полноќ на 05 Мај во 00:15 часот.
Цена на аранжманот: 449 € (27.838,00 мкд)
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Прага – Скопје
* Рачна торба со димензии 10*30*40см
* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.
– Аеродромски такси
– Трансфери во Прага: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел Prague Centre Plaza ***, на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран пешачки панорамски разглед на Прага
– Организација и реализација, придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса во хотел 2,2€ по лице од ноќ
– Карти за јавен превоз (метро, автобус…)
– Доплата за 1/1 соба 142€
– Факултативни излети и посети:
* Карлови Вари 65€
* Крстарење по В’лтава со вклучена вечера без пијалок 25-30€
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
– Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или ограничат влезот.