Велигден во БУДИМПЕШТА И ВИЕНА

Будимпешта и Виена за Велигден

Будимпешта-град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината. Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, 𝐚 благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.

План и програма

ПРВ ДЕН 18.04.2025 петок
Состанок со групата во Скопјe во попладневните часови-oколу 16 часот. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН 19.04.2025 сабота
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 20.04.2025 недела
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон  Будимпешта. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 21.04.2025 понеделник
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон прекрасното градче Сенат Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата…Слободно време  за индивидуални прошетки и  кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта каде што следува крстарење со брод по Дунав (факултативно). По договор со претставникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристугнување во утрински часови.

 

Цена по лице  159.00 € -9.860,00 денари

 

Што е вклучено во цената

– Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,
– Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок,
– Професионален туристички придружник од агенцијата,
– Организација и реализација на аранжманот

 

Што не е вклучено во цената

– Факултативи
– Влезници за музеи и културно – историски споменици
– Патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 65 еур.
– Туристичка такса

 

Важно

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди