Велигден во НОВИ САД
- Април (четврток) СКОПЈЕ – НОВИ САД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 часот. Поаѓање за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. - Април (петок) НОВИ САД
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” – една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање. - Април (сабота) ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
Појадок.Факултативна полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српска Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по исклучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Ноќевање. - Април (недела) НОВИ САД–СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности….или факултативно заминување во посета на Салаш , кој ќе ве воодушеви со неговит автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладне заминување за Македонија. Слободно време за индивидуални активности и “шопинг”. Заминување кон Скопје во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 129 ЕУР (7.998,00)
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во *** на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Организиран ручек во Салаш
– Факултативна посета на Фрушка гора и Сремски Карловци (20€)
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здравствено осигурување други неспоменати посети и услуги
– Туристичка такса 1,5 еур по лице на ден, се наплатува на рецепција