Велигден во Врњачка Бања

Велигден во Врњачка Бања

 

1 ден 18.04.2025 (петок) ШТИП – СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА
Поаѓање во 06.00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 07.15 часот од Скопје, пред хотел Континентал. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и  царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања во предпладневните часови. Пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот сместување во хотел БРЕЗА 3*, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на базенот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

2 ден 19.04.2025 (сабота) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Слободно време за одмор, релаксација и користење  на базенот на хотелот. Можност за факултативна посета на  манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13 век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

3 ден  20.04.2025 (недела) ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Слободно време за одмор и релаксација. Вечера. Ноќевање

4 ден  21.04.2025 (понеделник) ВРЊАЧКА БАЊА – НИШ – ШТИП -СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање кон Ниш вториот по големина град во Србија. Организирана прошетка низ центарот на градот со можност за  посета на шопинг центарот Делта. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје /Штип во доцните вечерни часови.

Цена на аражманот 175/10.850,00ден

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на наведената релација
– Сместување во хотел Breza 3* – 3 ноќевања со појадок и вечера
– Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
– Организирана прошетка и разглед низ Ниш
–  Користење на базенот на хотелот
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса 4,5 евра по лице
– Посета на манастирот Жица – 10€
– Доплата за ручек – 15€
– Задолжително патничко и здравствено осигурвање 150 денари

 

Општи напомени :

  • Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

Рок на пријавување до 01.04.2025

Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди