ПРАГА Велигден 2026, Prague
Според Франц Кафка, оној кој ја задржува способноста да ја препознава убавината никогаш нема да
остари. Прага, еден од најубавите градови во светот, зазема посебно место во срцето на Кафка. Ќе
бидете импресионирани од нејзината богата историја и неконвенционалниот начин на живот на „боемските“
жители на градот. Прага е илјадагодишен центар на Бохемија, а терминот „боемци“ се користи низ вековите за
да се опишат луѓе со креативен и неконвенционален начин на живот. Прага упатува покана до сите кои го
ценат нејзиниот “genius loci” и уникатниот начин на живот на луѓето од Прага да ги истражат нејзините
улици… Во средниот век, Прага била главен град на Боемското кралство на Карло IV, а Прашкиот замок бил
седиште на империјата. Оттогаш, градот игра клучна улога во регионот. Епската историја на Прага создала
град полн со убавина, со прекрасни згради од готската, ренесансната и барокната ера и со величествени
плоштади. Во модерното време, туризмот во Прага помогнал во нејзината регенерација, трансформирајќи ги
сивите, запуштени згради во фини ресторани, стилски хотели и живи барови; доблесен круг, кој охрабрува сè
поголем број туристи да го посетат градот.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања
10. април (петок) СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на аеродромот во 02:25 часот рано наутро. Полетување за Прага во 04:25 ч.
Пристигнување во 10:35 часот. Трансфер и сместување во хотел. Вечерта можност за индивидуални прошетки
по Вацлавски плоштад или факултативно крстарење по В’лтава со вклучена вечера. Ноќевање.
11. април (сабота) ПРАГА (панорамски разглед)
Појадок. Панорамски пешачки разглед на градот со локален водич (јавен превоз): Старо место: Карловиот
мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт,
Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник – Орлој, Градската куќа, Тунската црква,
споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести,
Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица…Слободно
попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
12. април (недела) КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари – најпознат
бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от
век. Можност за посета на еден од 12-те извори… прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови,
кафеани и продавници. Увид во познатите локални производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот
Бехеровка. Попладнето, враќање во Прага. Вечерта слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
* Цените и расположливоста се достапни во овој момент (11/12/2025 13:26).
13. април (понеделник) ПРАГА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од собите. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Трансфер до
аеродромот во Прага во 14:00ч. Лет за Скопје во 16:45 ч. Пристигнување после полноќ на 14 април во 00:15
часот.
Цена на аранжманот во претпродажба: : 409 € / 25.358
Цена на аранжманот: 459€ / 28.458 мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз со Austrian Airlines на релација: Скопје – Прага – Скопје (со едно преседнување)
* Рачна торба со димензии 10*30*40см до 3кг
* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.
– Аеродромски такси
– Трансфери во Прага: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел Prague Centre Plaza ***, на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран пешачки панорамски разглед на Прага
– Организација и реализација, придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса во хотел 2,2€ по лице од ноќ
– Карти за јавен превоз (метро, автобус…)
– Доплата за 1/1 соба 97€
– Факултативни излети и посети:
* Карлови Вари 65€ (уплата и резервација во агенција)
* Крстарење по В’лтава со вклучена вечера без пијалок 25-30€
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници.
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

