Амалфи Брег, Неапол, Помпеја и Остров Капри за Велигден
Амалфи Брег, Неапол, Помпеја и Остров Капри за Велигден, Amalfi Coast
Кампанија е регион во југозападна Италија познат по своите антички урнатини и драматична крајбрежна
линија. Неапол, регионалниот главен град, е жив град со впечатлива природна околина помеѓу иконскиот сив
конус на планината Везув и длабоките сини води на Заливот на Наполи. На југ, крајбрежјето Амалфи е дом на
градови во пастелни нијанси како што се Позитано, Амалфи и Равело, сместени меѓу карпите и
морето.Туристичката дејност во Неапол, на полуостровот Соренто и на островите Капри и Искија е главен извор
на приход. Неапол е водечко италијанско пристаниште, а воедно е и регионален транспортен центар.
“Vedi Napoli e poi muori” – „Види го Неапол и умри“ е позната изрека што го изразува чудото на градот,
сугерирајќи дека откако еднаш ќе го видите, ништо никогаш нема да ве воодушеви како што ве воодушевил
Неапол. Фразата има уште постаро, популарно потекло и одразува восхит за убавината на Неапол. Изреката
стана туристички слоган и инспирираше литературни и кинематографски дела, но секако не е лош знак,
бидејќи секој кој еднаш стапнал во Неапол сигурно повторно се вратил.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања
10 април (петок) СКОПЈЕ – НЕАПОЛ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:30 часот. Лет за Неапол W6 4817 во 16:30ч. Пристигнување
во Неапол во 18:10 часот. Трансфер до хотелот. Превземање на собите и сместување. Слободно време за
индивидуални активности. Ноќевање.
11 април (сабота) НЕАПОЛ (панорамски разглед со локален водич)
Појадок. Панорамски пешачки разглед на градот со локален водич и метро. Разгледот ги комбинира
најзначајните места на Неапол со застанување кај неодамна отворениот лифт Монте Екија, искуство кое ја
спојува историјата со прекрасни глетки. Разгледот започнува од Пјаца дел Плебишито (со Кралската палата и
Базиликата Сан Франческо ди Паола), театарот Сан Карло и Галерија Умберто I. Лифтот што ја поврзува
населбата Санта Лучија (во близина на брегот) со врвот на Монте Екија за само 30 секунди (подигнување од
околу 55 метри) е токму местото каде што, историски, е основано првото јадро на градот Партенопе. Откако ќе
се стигне на врвот, на ридот Пицофалконе, се отвора спектакуларен панорамски видиковец, кој нуди поглед од
360 степени на Неаполскиот Залив. Погледот се протега од Везув до Капри и од Посилипо до Кастел дел’Ово.
Разгледот често продолжува со прошетка по живописниот брег на Карачоло или блискиот Борго Маринаро (со
Кастел дел’Ово). Слободно попладне за индивидуални прошетки по најпознатата шопинг улица Виа Толедо.
Враќање во хотел, Ноќевање.
12 април (недела) НЕАПОЛ И АМАЛФИ БРЕГ
Појадок. Во 9:00ч. од хотелот се упатуваме до пристаништето Molo Beverello. Во 10:00ч со фериброт до Позитано и Амалфи во присуство на локален туристички придружник. Патувањето нуди чудесни глетки низ
брегот на Амалфи, комбинирајќи го живописниот шарм на Позитано со славната историја на Амалфи. Позитано
– Бисерот на брегот е познат по своите шарени куќи што се наслонети на карпите, низ тесните улички полни со
занаетчиски бутици; ќе се “изгубите“ и ќе стигнете до плажата Марина Гранде од каде ќе го видите и
фотографирате најлегендарниот поглед на брегот. Можност која не треба да се пропушти e да се види црквата
Санта Марија Асунта и нејзината купола покриена со жолти, зелени и сини мајолика плочки. Амалфи – Древната
поморска република; во историскиот центар доминира величествениот Дуомо ди Сант’Андреа (катедрала Свети
Андреј) со своите импресивни скалишта и Клоистер на рајот. Средновековната римокатоличка катедрала на
Пјаца дел Дуомо, е посветена на апостолот Свети Андреј чии мошти се чуваат тука. Амалфи е богат со историја
и традиција и го заслужува целото ваше внимание. Враќање во хотел. Ноќевање
13 април (понеделник) НЕАПОЛ (Помпеја или Капри) – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Опционално, во договор со придружникот на групата можност за
индивидулана посета на Помпеја, 26км од Неапол, античкиот римски град замрзнат во времето од
катастрофалната ерупција на Везув во 79г. Помпеја е едно од најпознатите археолошки локалитети во Италија
и Светско наследство на УНЕСКО; археолошки локалитет кој ќе Ве воодушеви со спектакуларното и необично
фреско сликарство. Посетата на Куќа на фаунот, Куќа на Ветиите, Вила на мистериите, форумот со остатоците
на продавници, јавно купатило, античкиот театар…
Или можност за индивидуална посета на островот Капри кој од втората половина на 19 век постепено стана
едно од најпопуларните одморалишта во јужна Италија, познато по своите прекрасни пејзажи и благата клима
во која цвета бујна вегетација. Името на островот има две можни потекла; или капра („коза“) или капрос („дива
свиња“). Во присуство на прекрасни плажи за капење и бројни хотели и вили, Капри е познат по своите познати
посетители. Островот привлекува широк спектар на познати личности, вклучувајќи холивудски ѕвезди,
музичари и јавни личности кои доаѓаат поради неговата природна убавина, луксуз и гламурозна атмосфера.
Трансфер од хотелот до аеродромот во Неапол во 16:00ч. Лет за Скопје W6 4818 во 18:45ч. Пристигнување во
20:15ч.
Во претпродажба за ограничен број на места: 459€ (28.458 мкд) со вклучен панорамски разглед
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 509€ (31.558 мкд) со вклучен панорамски разглед
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Неапол – Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
– Сместување во Неапол во хотел Real Orto Botanico *** – 3 ноќевања со појадок
– Панорамски пешачки разглед на Неапол со локален водич и метро
– Рачна торба торба (20x40x30cm) до 10кг.
– Oрганизирани трансфери во Неапол: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Патничко здравствено осигурување
– Туристичка такса од 3-5 € по лице по ноќевање (се наплатува на рецепција)
– Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
– Пријавен багаж до 20кг (информација во агенција)
– Пријавен багаж до 32кг (информација во агенција)
– Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
– Амалфи брег со локален придружник и фериброд – 115€
– Доплата за 1/1 соба – 110€
– Билети за превоз со метро
– Влезници за културно-историските споменици
– Посета на Помпеа (информација во агенција)
– Посета на островот Капри (информација во агенција)
Општи напомени :
- ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

